logo
logo

животот и делото на лори албин жилот

Вчера вечер на 26.05.2020 година (вторник), во 20:30 часот, беше одржано онлајн предавање од областа на уметничката фотографија. Преку Zoom апликацијата, нашата ценета членка Марина Крстиќ зборуваше за Laure Albin Guillot, француска пионерка во модерната фотографија, со чии дела ја издигнува уметничката фотографија на ново ниво, во меѓувоениот период.

Предавањето беше повеќе како дискусија, каде се разгледаа делата на споменатата авторка, а потоа се дискутираше за истите од денешен аспект. Присутните имаа можност да уживаат во интересни апстракции наречени микрографии, психолошки портрети, сензитивни актови и интересни рекламни и модни фотографии.

„Влогот кој Лори Албин Жилот ќе го остави на човештвото е голем и затоа сметав дека е име кое треба да се реетаблира, а виртуозноста на нејзините дела, повторно да стане предмет на дискусија“.

Марина Крстиќ

ЛОРИ АЛБИН ЖИЛОТ

Лаура / Лори Албин Жилот уметник, институционален лик кој ја окупира и доминира фотографската сцена, во времето меѓу двете светски војни и несомненено едно од најизговараните имиња и барани дами на француската фотографска и уметничка сцена во тој период, денес е потполно потонато во заборав.
Родена во 1879 година во Париз. Студирала цртање и сликање, пред да покаже интерес за фотографијата. На 18 години се мажи за доктор, за човек кој се занимава со научни истражувања од сферата на биологија, преку кого ќе го запознае светот на микробиологијата, а воедно и ќе се вљуби во микроскопските организми, примероци, клетки. Под негово влијание започнува да фотографира микроскопски кристализации и растителни клетки, кои со едно име ќе ги нарече „микрографии“.

Првите дела и се појавуваат во салони и публикации во раните 1920-ти, но таа брилира и се истакнува како неприкосновен уметник во текот на 1930 / 40 -те од XX век.

Со нејзините дела, таа е мост меѓу пиктуралисти (фотографи кои сакале да ја поврзат фотографијата со сликарство) и „Нова Визија“ (група на модерно – мисленици фотографи).

Од самот почеток нејзините фотографии покажуваат неверојатна техничка виртуозност и екстремно чувство за естетика. Со својата техника и посебен пристап на нејзините принтови преку детално истражување на фото хартијата таа ја издигнува практиката до одреден елитизам. Како фотограф од своето време, користи нови начини на дисеминација на слики и обезбедува илустрации и рекламни креации за печатот и издавачката индустрја.

Се посветува на разни жанрови во фотографијата, како портрет, актови, пејзажи, мртва природа и малку журнализам.

Пејзажите што ги фотографира и се во стилот на пиктуралисти, користејќи еидоскоп и опал леќи со кои достигнува благо замаглување.

Почнува да ги фотографира и луѓето околу неа, фамилијата, блиските пријатели и набргу станува признаена и барана како професионален портретист, па дури некој ќе ја нарече и чувар на „психолошкиот портрет“.

По смртта на нејзиниот сопруг таа заработува преку фотографирање портрети. Станува пионер во областа на модната и рекламна фотографија. Постигнува истовремено да биде успешна и во комерцијалниот дел но и во делот за креативност и иновативност.

Во нејзините актови се гледа развојот и преминот од пиктуралист до естетски модерен уметник. Додека ги фотографирала женските актови во класични пози и композиции во раните 1920-ти, се забележал значителен напредок. Единствениот фотограф кој во тоа време пристапил кон фотографирање на машки актови вон доменот и алегорија на атлет/спортист. Пристапот и бил мошне сензитивен. На изложбата „Портрет на мажи“ во 1925 година, таа претставува прекрасни машки актови, заедно со класичните портрети. Нејзините фотографии се објавени во престижно списание, а исто така учествува и во првиот Салон за независни фотографи, (наречен „Скалест салон“) во 1928 година заедно со Андре Кертеж. Настан со кој женските уметници ги става на преден план и со кој воедно се признава и движењето на „Нова Визија“.

Во 1931 година ја издава книгата „декоративна микрографија“, во која ги кобинира науката и уметноста преку 20 плочи, а која станува клучна публикација со „голема евокативна моќ“, која со своите квалитетни принтови од апстрактни и геометриски композицции, станува според Кристијан Букерт „нов фотографски речник“.

Во 1930-те Лори Албин Жилот целосно е вклучена во движењето на „Нова Визија“ и преку негово рекламирање ќе одигра пресудна улога во пробивање на фотогрфиите за самото движење.

При настојување да и биде признаена уметноста, во 1932 година основа Здружение на фотографи уметници (Société des artistes photographes). Со нејзиниот пријател Емануел Сугез успева да ја создаде секцијата за креирање на фотографија на Меѓународната изложба во Парис 1937 година.

Прави фотографии и во високи кругови, како и за престижни претпријатија како „Рено“ и стоковни куќи „Ле бон Марсе“.

Со обајвување на Фотографска публикација (1933), станува првиот човек кој ја брани модерна фотографија. Во 1934 година во соработка со писателот Пол Валери, таа со свои 14 дела учествува во ислустрираното издание на списанието Нарцис, со кои ќе направи голем бум.

Во 1937 година во соработка во Пјер Луис ги илустрира и своите Прелудии на Клод Дебиси.

Како пионерка во нејзиното поле, ја трасира патеката понатаму за многу жени –фотографки

Comments are closed.