На 5 август 2022 година во Малатија, Република Турција беше отворена балканска изложба на уметнички фотографии во која учество зедоа фотографите на нашиот клуб. Освен на Фото клуб Куманово изложени беа и фотографии на учесници од Турција, Србија и Албанија. Изложбата беше свечено затворена на 10 август, а планирано е подоцна караванот фотографии да продолжи во галеријата Силе во Коња, во Параќин, Куманово и Валона.