На 15 септември (четврток) 2022 година во 19 часот, во просториите на Фото клуб Куманово ќе биде отворена изложбата „Трансфер на културни вредности преку фотографија“. Целта на изложбата е да ги претстави историските и културни вредности на Балканот, искажани преку моќта на фотографијата. Изложбата во Куманово претставува дел од 5 изложби, кои освен во Македонија, ќе се одржат во Турција (2), Србија и Албанија. Проектот е финансирана од страна на Европската Унија и Регионалната мрежа за културни различности. Од членовите на Фото клуб Куманово, свои фотографии ќе изложат Марина Атанасовиќ, Жаклина Стевановска, Александар Драгишевски, Викторија Петрушевиќ, Сандра Трајковска, Ивана Кузмановска и Душко Јовановски.