logo
logo

свечено отворање – фото приказна 2022

Во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово, на 20 октомври 2022 година беше отворена шестата по ред меѓународна изложба на уметничка фотографија “Photo Story 2022” односно “Фото Приказна 2022”, организирана од страна на Фото клуб Куманово.

Photo Story 2022 година успеа да добие покровителство од повеќето светски фотографски организации, меѓу кои ПСА и ИААП. Овие покровителства претставуваат вистинско и големо признание за осумгодишната напорна работа на членовите на ФК Куманово. Со овие високи признанија од фотографскит организации за Photo Story слободно може да кажеме дека истиот претставува вистински репрезент на уметничката фотографија од сите шест континенти.

На изложбата пристигнаа фотографии од 171 автори од вкупно 39 земји, а изборот на најдобрите и наградените уметнички фотографии го направи еминентното жири во состав Бојан Петровиќ, Драгослав Мирковиќ и Оливер Вукмировиќ. Беа доделени 99 награди, а неколку автори од Македонија се најдоа меѓу наградените.

Изложбата е финансирана од Министерството за култура и исто така е ставена во деновите на култура при Општина Куманово.

Во продолжение дел од атмосферата на отворањето.

Comments are closed.