Преседателот на Фото клуб Куманово Марина Атанасовиќ беше вклучена во проектот Еразмус + на ООУ „Толи Зордумис“, во кој таа одржа неколку предавања на ученици од деветто и осмо одделение од областа на уметничка фотографија, после кои имаше теренска обука запознавање и користење на професионални дслр апарати. Приказната која учениците ја раскажаа преку објективот беше претставена на завршната изложба која се одржа во Уметничката галерија во Куманово на 18.05.2023 во 19:00 часот. На изложбата беа присутни сите инволвирани ученици, како и тимот наставници вклучени во проектот, со гостите од странство.
„Младите често ја користат фотографијата како средство за документирање на својот живот и зачувување на спомените. Тие доловуваат значајни моменти, како што се патувања, друштвени собири и пресвртници, овозможувајќи им подоцна повторно да ги разгледаат и споделат тие искуства. Оваа желба да се долови и да се споделат моментите е поттикната од верувањето дека искуствата вреди да се запаметат и желбата да се поврзете со другите преку споделени искуства“ вели претседателот.