logo
logo

успешна 2014 година

Фото клуб Куманово изминатата 2014-та ја бележи како доста успешна година, не само на полето на уметничката фотографија, туку воопшто и за сите резултатите кои беа плод на активности на членовите на клубот.

Трудот и креативноста на членовите на клубот резултираше со организирање на повеќе изложби и активности кои придонесоа за зголемување за реномето на клубот.

“Жените и фотографијата 2014” – Во март изминатата година, фото клуб Куманово пред самото свое официјално формирање организираше клупската изложба на уметничка фотографија под името „Жените и фотографијата”, на која со свои трудови се претставија женските членови на клубот. Изложбата беше по повод  денот на жената 8-ми Март.

“Малински Фото Фестивал 2014” – Во Ноември, фото клуб Куманово беше во улога на организатор на еден голем настан насловен како „Малински Фото Фестивал”. Со овој фестивал, клубот и даде признание и почит на првата фотографска фамилија која творела и работела во Куманово – фамилијата Малински. Фестивалот е прв настан од ваков карактер во Куманово, а впрочем и во  Македонија. На реперотоарот се најдоа изложби и проекции на уметнички фотографии кои се отвораа во текот на целиот ден на разни локации во градот Куманово. Фестивалот со свои излагања на фотографии и дигитални проекции имаше во просториите на Галерија на град Куманово, НУКЦ „Трајко Прокопиев“, Народниот Театар во Куманово и кафулето Wire.

Програмата на фестивалот беше пропратена со изложбите: Изложба на минијатури BEST OF THE BEST, Меѓуклупска изложба КРУГ, Самостојна изложба на Мирослав Предојевиќ  ФОТОГРАФИ И МОДЕЛИ,  Клупска изложба на фотографии ТУМБА, Фото презентации (Клупска фото презентација на ИФСАК – Altin, Burak Senbak Infrared; Whirling Dervishes, Burak Senbak и Serkan Turac – Asura ve Kerbela, Serkan Turac – Silent Perception; Illusion, Hulki Muradi – Working children; Hamam, Владимир ЈовановскиRural, Luis Alberto Franke – Patagonia Landscapes; Rural) и Клупска изложба – Shangtuf Image and Art Club.

Членовите на фото клубот Куманово во целост ја реализираше предвидената програма за 2014 година. Воедно покрена и нови проекти кои се во фаза на реализација. Успешно реализираше изложби, фестивал и фото курс. 2014 годината, за клубот беше продуктивна, активна и плодна, која ги потикнува членовите за нови творештва и нови успеси.

Comments are closed.