logo
logo

нижеме успеси

Фото клуб “Куманово” и во 2015 година има за цел да ја продолжи традицијата на организирање на изложби на уметничка фотографија. Членовите на фото клуб “Куманово“ од почетокот на годинатa, освоија бројни награди на државно и меѓународно ниво.
Клубот и оваа година не се поштеди со освојување на награди и признанија за своите творења. Владимир Јовановски доби по две дипломи во Бугарија и Србија и една во Египет, а Марина Крстиќ се закити со бронзен медал на интернационална изложба во Србија. На олипијадата на млади техничари, Венцо Стефановски зеде прва награда на регионално ниво. Како дел од проектот “Малински фото фестивал”, на меѓуклупска изложба помеѓу фото клуб “Куманово“ и фото кино клуб Битола “Тумба“, Марија Јовановска и Марина Крстиќ зедоа дипломи за своите дела.


Самостојна изложба на фотографии ГАРИК АВАНЕСИАН
Оваа година во фебруари, клубот организираше самостојна изложба на фотографија на претседателот на Чешкиот Фото Сојуз – Гарик Аванесиан. Истиот е мајстор на фотографија на ФИАП.

Жените и фотографијата 2015
По повод денот на жената 8-ми Март, но и поради бројот на женските членови и годинава клубот организираше изложба во март насловена како “Жените и фотографијата 2015”. На оваа изложба со свои фотографски дела се претставија авторките на клубот , со што го обележаa овој ден.


Ентузијазмот кој е присутен кај членовите на клубот ги потикнува да продолжат со своите творења и организирање на настани од ваков карактер, кој полека и сигурно ќе ги доведе до остварување на целта и визијата на клубот.

Comments are closed.