Изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата“ беше отворена во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, во организација и координација на фото клубот „Куманово“. Минатогодишната клупска изложба на уметничка фотографија, оваа година прерасна во меѓуклупска изложба. Клубот брои познати автори како од Македонија, така и пошироко, кои за релативно кратко време успеаа да го закитат Куманово со бројни награди и успеси.
Постановката брои околу 40 фотографии на дваесетина авторки на ФК Куманово, ФК Битола, ФКК Прилеп, ФК Кавадарци, ФК Крива Паланка и ФК Кичево.