Проекцијата „Македонска љубовна приказна“ е составена од околу 450 фотографии, која ги промовира македонските природни убавини, историски знаменитости, цркви, манастири, традиции и носии на Македонија. Видео-изложбата е презентирана во Обединетите Нации во Женева на 6 Септември 2023.
Автор на проектот е Гонца Перунковска, која што живее и работи во Швајцарија.
Фотографи кои учествуваат во видео-проекцијата се: Наце Попов, Билјана Јуруковски, Владимир Јовановски (Фото клуб Куманово), Дуле Дамјановски, Гордан Ристовски, Доријан Миловановиќ, Зоран Карапанчев, Ристе Спироски, Ристе Стамаџиев, Маја Крстевска Коларова, Горан Анастасовски и Гонца Перунковска.
Музиката е група „Синтезис“ и Драган Даутовски Квартет, а монтажата на Блаже Дулев.
Проекцијата е под покровителство на Македонски национален совет во Швајцарија
Уживајте во убавините на Македонија! ❤️