logo
logo

Бесплатна фото школа 2024

Фото клуб Куманово во периодот октомври 2024 – јуни 2025 година организира бесплатна школа за уметничка фотографија во која учество може да земат сите заинтересирани.

Фото школата тематски ќе биде поделена на два дела. Првиот дел ќе опфаќа предавања од историјата и филозофијата на фотографијата како и техничките (аналогна фотографија и филм, бленда, експозиција, ISO сензитивност, фокус) и естетските (кадар, композиција, боја, текстура и сл.) сегменти на фотографската уметност. Вториот дел од школата ќе биде посветен на дигитална манипулација со фотографии и користење на Adobe Photoshop.

За време на фото школата ќе бидат ораганизирани повеќе фото-сафари дружења во Куманово и околината. Исто така, раководителите на фото школата ќе се потрудат да овозможат предавања на познати домашни и светски фотографи со цел доближување на курсисте до актуелните трендови во уметничката фотографија. Планирани се и напредни фото курсеви на теми како црно-бела (noir) фотографија, астрофотографија и фотографски звања, информираат од Фото клубот.

Предавањата ќе ги држи искусниот фотограф Владимир Јовановски, заедно со претседателот на фото клуб Куманово – Марина Крстиќ и Стефан Илиевски.

Предавањата ќе бидат одржувани во просториите на фото клуб Куманово на адреса „Титова Митровачка“ бр.2, населба Гоце Делчев, 1300, Куманово.

Курсистите што ќе ја завршат фото школата ќе се стекнат со сертификат за завршен курс издаден од страна на фото клуб Куманово и со тоа ќе добијат право да станат членови на клубот. Пресек од најуспешните фотографии на курсистите ќе биде изложен на Малински фото фестивал 2025.

За пријава или повеќе информации контактирате не на емаил адресата photoclubkumanovo@gmail.com.

Comments are closed.