logo
logo

низата на успеси продолжува

Креативното творење и активното излагање на членовите на Фото Клуб Куманово на домашни и меѓународни изложби на уметничка фотографија во изминатиот период им донесе многу награди и признанија.
Како едни од позначајните награди, членовите на клубот ги издвојуваат: Бронзен медал и Диплома на меѓународната изложба во Полска “Wojnicz International Salon 2016”, Диплома на меѓународна изложба во Босна и Херцеговина “Banja Luka 2016”, Бронзен медал на меѓународната изложба во Иран “Khayyam International Exhibition of photography” , Дипломи на изложбата во Црна Гора “Gradac 2016”.

На меѓународните изложби во Турција “International Photography Competition KONYA 2016” и “MOF 2016” ,членовите се закитија со Бронзен медал и Дипломи.
Во изминатиот период беа реализирани и повеќе активности со цел промоција и анимирање на уметничката фотографија. Па така нашите членови одржаа предавање од областа на уметничката фотографија во пријателскиот  ФКК Прилеп од Прилеп.

Comments are closed.