logo
logo

свечено отворање – жените и фотографијата 2017

Фото клуб Куманово, веќе 4-та година по ред се најде во улога на организатор на меѓуклупската изложба на уметничка фотографија насловена како “Жените и фотографијата”. Повикот за учество на изложбата беше упатен до сите фотографски клубови ширум Република Македонија. На повикот се пријавија над 30 фотографки и беа разгледани над 200 фотографии. Раководејќи се со лозунгот, Жените-фотографи и нивната можност за слободно изразување преку фотографијата, откривањето на себе си и светот околу нив“ селекторот на изложбата Жаклина Стефановска издвои 60 уметнички фотографии.

Годинава, учество земаа повеќе авторки од ФК Прилеп, ФКК Битола како и самостојни авторки. Изложбата беше со слободна тематика, а авторките се претставија со  фотографии во колор и црно бела техника.Поставката како и отварањето на истата беше во НУЦК “Трајко Прокопиев” во Куманово.
Изложбата „Жените и фотографијата“ е посветена на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност.

Comments are closed.