Бурак Шенбак – EFIAP\\b, GPU Hermes, Hon.SSS
Роден е во 1965 година, во Истанбул, Турција. По занимање е механички инжинер и хонорарен фотограф. Бил генерален секретар (2011 – 2013 година) и потпретседател на Претседателството (2013 – 2015) на Клубот на фото кино – аматери на Истанбул İFSAK – непрофитно здружение кое што постои 55 години. Член е на: RPS, PSA, GPU, FIAP, TFSF (Фотографска асоцијација на Турција), почесен член на Sille Sanat Sarayı (Уметничката галерија Силе), основач на БУФОД (Фото клуб Бујукчекмеџе) и член на Клубот на фото кино – аматери на Истанбул (İFSAK).
До денешен ден има учествувано на многу изложби. Неговите есеи и критики околу фотографијата се објавени на многу интернет страни и магазини. Бил кустос на многу различни фотографски проекции и изложби. Одржува работилници на турски и англиски јазик во фото клубови, приватни компании, јавни институции, унверзитети на теми фотографија, светло, композиција, HDR, панорамска фотографија, напредни фотографски вештини, инфра-црвена фотографија, портрети и Adobe Photoshop. Неговата прва соло изложба „Ќе се вратиме“ била одржана во 2014 година
Добитник е на повеќе од 60 награди на меѓународни фотографски изложби, со 120 различни фотографии во повеќе од 30 држави. Исто така победник е на IFSAK купот во 2012, 2013 и 2014 година. Победник е на 9-тиот Сами Гунер куп во 2015 година. Добитник е на наградата „Фотограф на годината“ од Фотографска асоцијација на Турција (TFSF). Во 2015 година ја освојува наградата Јунуз Нади на весникот Кумхуриет, најпрестижната награда во Турција.
Од 2014 година е носител на звањето EFIAP\\b додека пак од февруари 2015 година го добива звањето GPU Hermes.
Фотографира панорамски и инфра-црвени фотографии вклучително и портрети со широко-аголни објективи.