Избор фотографии од изложбата Жените и фотографијата 2020
Божидар Барлакоски е роден 1984 година во Прилеп. Неговата пасија за фотографијата трае веќе седум години. Тој е член на Фото-кино клубот „Прилеп“. Резултат на досегашната љубов кон фотографијата се повеќе од дваесет и пет меѓународни награди за фотографија, меѓу кои, бронзен медал за фотожурнализам од Toronto Camera Club; PSA сребрен медал за фотографија во Кипар; сребрен медал за фотографија во Украина; златен медал за колекција на фотографии на „Денови на македонската фотографија“, 2014 година; како и бројни признанија и […]
Жаклина Стефановска е родена во Куманово 1974 година, каде го завршува основното и средно образование. Дипломира на групата социјална работа и социјална политика на Филозофскиот факултет во Скопје, каде и магистрира во 2012 година. Работи во фамилијарното фото студио во Куманово – „Венцо дигитал“, па од таму поттикот и мотивацијата да заврши курс по уметничка фотографија во 2014 година, под менторство на Владимир Јовановски. Главна инспирација ѝ се луѓето во рурална и урбана средина и портретите. Стефановска е една е […]
Јан Вало е роден во 1964 година, во Кишач, мало село во близина на Нови Сад. По завршувањето на основното училиште, Вало го продолжил своето образование во Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ во Нови Сад – електротехничка насока. Понатамошното високообразовно школување го прекинал поради материјални (финансиски) потешкотии. Неговата љубов спрема фотографијата датира уште од времето на основната школа, кога бил член на фото-секција, и каде за прв пат се сретнал со фотоапарат, филм и темна соба. Подоцна во време на […]
Марина Крстиќ родена во Куманово 1982 година. По завршувањето на Филозофскиот факултет, отсек класични студии, почнува да работи како наставник во основните локални училишта, во кои предава класична култура во европската цивилизација. Уште од рани детски години е внесена во светот на уметноста, преку посети на бројни културни манифестации и евенти. Така домашното влијание стихијно и го трасира интересот кон уметничката фотографија. Размислите за уметничка фотографија длабоко и се врежуваат кога присуствува на еден семинар во 2003 година, насловен како […]