logo
logo

јан вало

Јан Вало е роден во 1964 година, во Кишач, мало село во близина на Нови Сад. По завршувањето на основното училиште, Вало го продолжил своето образование во Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ во Нови Сад – електротехничка насока. Понатамошното високообразовно школување го прекинал поради материјални (финансиски) потешкотии.

Неговата љубов спрема фотографијата датира уште од времето на основната школа, кога бил член на фото-секција, и каде за прв пат се сретнал со фотоапарат, филм и темна соба. Подоцна во време на средното образование и почетните години од вработувањето, фотографијата како хоби ја тргнал на страна, посветувајќи се на спортот и графиката.

Повторно, но сега поинтензивно, започнал да се занимава со фотографија во 2005 година кога го набавил својот прв компактен фотоапарат. Јан Вало е член на Фото клубот „Војводина“ од Нови Сад, Фото сојузот на Србија и „Група 32“. Досега бил учесник на повеќе фотографски настани и изложби од кои се издвојуваат: новосадскиот Фотомаратон (2010, 2012, 2013), Фото сафарито во Иваново (2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2017, 2018), Фото финиш во Ниш (2011, 2012,2013), Кадар 24 во Нови Сад (2014, 2015, 2017, 2018). Бил учесник и на изложбата на „Група 32“ во Белград, Суботица и Нови Сад, клупските изложби на Фото клуб „Војводина“ во Нови Сад и многу изложби под покровителство на ФСС и ФИАП во Република Србија и странство.

Comments are closed.