logo
logo

марина крстиќ

Марина Крстиќ родена во Куманово 1982 година. По завршувањето на Филозофскиот факултет, отсек класични студии, почнува да работи како наставник во основните локални училишта, во кои предава класична култура во европската цивилизација. Уште од рани детски години е внесена во светот на уметноста, преку посети на бројни културни манифестации и евенти. Така домашното влијание стихијно и го трасира интересот кон уметничката фотографија. Размислите за уметничка фотографија длабоко и се врежуваат кога присуствува на еден семинар во 2003 година, насловен како SeeU in Motion, каде се запознава со професионални франсцуски и белгиски фотографи. Но желбата да посегне и самата кон апаратот професионално, успева да ја реализира дури во 2013 година. Тогаш станува активен курсист во школото за уметничка фотографија која ја предводи Владимир Јовановски, во тогашниот Фото кино клуб Козјак. Следната година, заедно со уште 20-тина љубители на фотографијата станува дел од основањето на нов фото клуб, кој го носи името ФК Куманово. Од тогаш активно учестува на многу домашни и интернационални салони, кои се под патронажи на познати светски асоцијации, на кои освојува бројни награди и признанија. Се јавува и како организатор на Малински фото фестивал.

Comments are closed.