Жаклина Стефановска е родена во Куманово 1974 година, каде го завршува основното и средно образование. Дипломира на групата социјална работа и социјална политика на Филозофскиот факултет во Скопје, каде и магистрира во 2012 година. Работи во фамилијарното фото студио во Куманово – „Венцо дигитал“, па од таму поттикот и мотивацијата да заврши курс по уметничка фотографија во 2014 година, под менторство на Владимир Јовановски. Главна инспирација ѝ се луѓето во рурална и урбана средина и портретите. Стефановска е една е од основачите на Фото клуб „Куманово“ во 2014 година, а воедно и за првпат таа година излага на изложбата „Жените и фотографијата“. Учествува на повеќето клупски изложби и на многу домашни и меѓународни салони, каде освојува бројни награди и признанија. Промотор е и еден од организаторите на Малински фото фестивал и „Жените и фотографијата“.