logo
logo

божидар барлакоски

Божидар Барлакоски е роден 1984 година во Прилеп. Неговата пасија за фотографијата трае веќе седум години. Тој е член на Фото-кино клубот „Прилеп“. Резултат на досегашната љубов кон фотографијата се повеќе од дваесет и пет меѓународни награди за фотографија, меѓу кои, бронзен медал за фотожурнализам од Toronto Camera Club; PSA сребрен медал за фотографија во Кипар; сребрен медал за фотографија во Украина; златен медал за колекција на фотографии на „Денови на македонската фотографија“, 2014 година; како и бројни признанија и дипломи. Учествувал и како член на жири-комисија на два меѓународни конкурси за фотографија. Има одржано две самостојни изложби, во Кичево и во Скопје.

Comments are closed.