На свечено отворање одржано на 8 ноември 2024 година, Фото Клуб Куманово го одбележа значајниот јубилеј од 505 години од постоењето на градот Куманово со тематска изложба на фотографии. Овој настан, посветен на историјата, развојот и иднината на градот, привлече голем број посетители, меѓу кои и бројни граѓани, уметници, историчари и љубители на фотографијата. Изложбата „505 Години Куманово“ беше своевиден времеплов, кој преку фотографиите ги поврза минатото и сегашноста на градот. Поставката вклучуваше ретки и историски фотографии кои сведочат за […]
Десетата изложба од проектот Окото на светот [Eye of the World] каде што се претставуваат 11 колекции од 11 држави во светот припадна на Фото клуб Куманово од Македонија. Изложбата беше отворена на 25 ноември 2022 година во виртуелната изложбена хала на галеријата Силе Салај. Изложените фотографии може да се погледнат на следниот линк: https://fiap.sergisistemi.com/
Во сабота на 24.07.2021 год. во клупските простории на Фото клуб Куманово, ќе се отвори клупската изложба наловена како Тумба, на која ќе бидат доделени и дипломи на курсисти за завршен курс по фотографија.
Во духот на правилата да бидеме физички дистанцирани еден од друг, далеку од фотографската рутина, членовите на Фото клуб Куманово со гордост ја прифатија понудата на почитуваниот клуб Силе Санат Сарај со цел да останеме поврзани со нашите пријатели од Република Турција. Ние како клуб ја прифативме оваа покана со чест. Настанот преставуваше подарок од Силе Санат Сарај, во ова време на КОВИД-19. Посебно сме благодарни за изложбата бидејќи поради пандемијата во последните неколку месеци нашите редовни фотографски активност и […]
На 31 август 2019 година во FIAP изложбениот простор на Силе Санат Сарај во Коња, Република Турција беше отворена клупската изложба на Фото клуб Куманово. На истата присуствуваа поголем број на граѓани и љубители на фотографската уметност. Изложбата е колективно дело на скоро сите членови од Фото клубот Куманово. Секоја фотографија, и секој автор преку своите уметнички дела зборува сам за себе, доловувајќи ја сопствената индивидуалност, интерес и различност преку јазикот на фотографиите. Секоја фотографија носи сопствена приказна. Со некои, […]