Александар Драгишевски е роден 1992 година во Куманово, Македонија. Завршил Дизајн и мултимедија на “ФОН Универзитет”, отсег графички дизајн во Скопје 2013 година.
Покрај подготвување на логоа, дизајни, портфолиа, паралелно активен и на полето на фотографијата.Интересот кон фотографијата се јавува во средното училиште, каде од аматерско фотографирање се развива љубовта кон креативното изразување во уметничката фотографија.
Има учествувано на повеќе државни и интернационални изложни на фотографија каде има освоено значајни награди.Тој воедно е и секретар на ФК “Куманово” од Куманово, и еден од оснивачите на истиот, како и организатор на “Малински Фото Фестивал”.