Универзитетскиот фото кино клуб Бања Лука (Република Српска, Босна и Херцеговина) е основан во 1977 година. Активностите на Универзитетскиот фото кино клуб Бања Лука се насочени кон популаризација на уметничката фотографија, со ставање посебен акцент на креативно-изложувачката фотографија. Овие активности се посебно интензивирани и изразени во последните 25 години. Првата група на активности се состои од едукативен карактер и се манифестира преку организување и одржување на курсеви по уметничка фотографија, како и многу креативни фото работилници. До денеска се одржани преку 60 курсеви (елементарни и напредни), на кои биле едуцирани преку 1 000 луѓе. Вториот дел на активностите е насочен кон креативно-изложувачката, односно уметничката фотографија. Континуирано следејќи ги светските трендови и токови во фотографијата, членовите на Универзитетскиот фото кино клуб се присутни на многу значајни светски фотографски случувања. Фото клубот има голем број на активни членови – излагачи (околу триесет), кои до сега учествувале на многу фотографски салони и изложби ширум светот. УФКК до денес има организирано преку 70 разни изложби на фотографии (клупски, меѓуклупски, меѓународни, државни, самостојни и др.) што во многу допринело за популаризацијата на фотографијата на овие простори. Тука, особено треба да се истакне традиционалната Меѓународна изложба на дијапозитиви, која што се одржува 18 години со ред. Начинот на презентација и истрајноста во оваа дисциплина долг временски период ги чини препознатливи и единствени во светски рамки, додека нивната изложба е една од неколкуте последни изложби на дијапозитиви кои се одржуваат во светот. Исто така, УФКК се појавуваат и како организатори на Меѓународниот салон на фотографии „Бања Лука“, на циркуларната меѓународна изложба на фотографии „Еколошка вистина“ (која истовремено се одржува уште во три три држави Србија, Словенија и Бугарија), и на меѓународните изложби на фотографии „Фото Емоција“ и „Фото Перспектива“.
Меѓународниот салон на фотографии „Бања Лука“ веќе 10 години по ред има патронат на ФИАП.
Секои од овие изложби или салони се придружувани со уметничка поставка односно презентација и каталог со висок квалитет. За особено успешната организација во континуитет на Меѓународниот салон на фотографии „Бања Лука“ и меѓународната изложба на фотографии „Фото Емоција“, Универзитетскиот фото кино клуб има добиено високи признанија од Меѓународната федерација на фотографска уметност – две FIAP бронзени плакети, што претставува единствен случај ова признание да го добие организатор на две различни изложби.
Презенитраните податоци само го потврдуваат фактот дека Универзитетскиот фото кино клуб веќе години наназад е еден од најуспешните фото клубови во регионот.