Фотографското здружение Фотум од Војцин (Полска) е составено од група на фотографи чии што главни активности се фокусирани на проучувањето и популаризацијата на уметничката фотографија. Почетоците на здружението датираат од Фотографската работилница која што била организирана во Центарот за култура во Војниц (Полска) во 2000 година. Од тогаш Фотум постојано организира фото школа за сите заинтересирани субјекти. Овие курсеви се водени од страна на Кристоф Штоф, кој е еден од основачите на целиот проект. Исто така, во последните години здружението организира повеќе изложби на уметничка фотографија од кои се истакнуваат „Przystanek fotografia“ (Автобус: фотографија) и „Fotokoncert“, која претставува комбинација на изложба на фотографии и рок концерт во живо. Здружението во сегашниот момент е составено од 32 члена додека функцијата претседател ја извршува Мациеј Бабиарц.
Фотографското здружение Фотум годишно ги организира Интернационалниот салон на фотографија „Војниц“ и Салонот на печатени фотографии „Војниц“. Дополнитело здружението организира предавања насочени кон развивањето на аналогната и дигиталната фотографија, состаноци, внатре-клубски натпревари, фото сафарија и др. Секоја година Фотум организира индивидувална или колективна изложба на членовите на здружението.