logo
logo

димитар чунговски

Димитар Чунговски – Чунга (1979) е еден од најзначајните млади македонски фотографи чие што творештво не може да се одмине. Воден од кредото дека значењето на авторот не се мери според бројот на создадените фотографски творби туку според досегот на неговиот творечки замав и уметнички ефект, тој создава маркантни фотографии што на извесен начин и претставуваат авторски белег.Притоа, своето раскошно фотографско мајсторство не го ограничува во еден омеѓен простор, туку со ист жар и творечка инвентивност создава во повеќе фотографски жанри, битно придонесувајќи за својот растеж и растежот и на македонската фотографија. Впрочем неговите фотографски творби се верификувани со многу стручни награди и признанија на домашни и меѓународни изложби на уметничка фотографија.
Оваа поставка претставува избор (43) од неговото творештво. Концепциски е сочинета од два дела (два света), во првиот дел се претставени фотографии создадени со фотомонтажи а во вториот дел се претставени претежно лајф фотографии.

Comments are closed.