Фотографската асоцијација „Мерсин Олба“ е формирана на 17 март 2011 година, во градот Мерсин, Турција. Целта на оформување на ваков тип организација беше промоција на културните и уметнички моменти од самиот град. Водена од начелото за промоција и допринос пред се на квалитет, пријателство, љубов во Мерсин и околината, таа создава постојано нови генерации фотографи, водени од философијата на уметничката фотографија. Тие самите го промовираат квалитетот и ја популаризираат фотографската уметност.
Основачите на клубот, макотрпно работеа, со душа и срце да го заживеат и подигнат клубот на денешно ниво, а тие се: Мустафа Есер, Хулки Муради, Ташсин Алтинок, Хикмет Авци, Угур Азаз, Сулејман Учан и Тункеј Јилдриз (починат).
Од каде името Олба?
Во провинцијата Мерсин, на 1050 метри надморска височина, се наоѓа стариот град Олба. Овој антички град е од хеленистичкиот период, кој во времето на својот зенит бил важен трговски центар во регионот. На археолошкиот локалитет постојат многу историски споменици како аквадукт, театар, некропола, антички куќи, канали за пренос на вода, монументални гробници, фонтани, цркви и стражарски кули.
Освен службата кон фотографската уметност, под светлото на фотографскиот дух, ние одлучивме името на нашето здружение да биде Фотографската асоцијација Мерсин Олба со за да ги сочуваме сите цивилизациски и културни богатства што се наоѓаат во границите на нашиот преубав град Мерсин.
Сегашното претседателство на Фотографската асоцијација Мерсин Олба го сочинуваат: Хулки Муради (претседател), Селма Демиркол (потпретседател), А. Ведат Јилдирим (благајник), Јусуф Зија Чакир (генерален секретар) и Муса Далмаз (член).