Роден на 11 јуни 1981 година во Панчево. Завшил средно училиште во областа на електрично инженерство во Панчево и Технички факултет во Зрењанин. Работи како професор по техничко цртање, вештини и описна геометрија во Панчево.
Од 2007 е инволвиран во креативна фотографија, но и во фотографијата воопшто. Земал учество на повеќе од 190 заеднички изложби, каде се здобил со над 50 награди и признанија во земјата и странство. Еден е од основачите на Фото група „Дунавац“ во Иваново и е водич на истат група веќе неколку години. Покрај своите ангажмани околу фотографијата, тој често го поминува своето време и подучувајќи деца од основно образование (од 10 – 17 год.) во основите на фотографирање од Иваново и Панчево.
Носител е на титулата F1 FSS, а своите најголеми успеси ги добива од фотографирање на природата и амбиентални портрети. Омилени изложби му се минијатурите.