Во ноември 2018 година во организација на Фото клуб „Куманово“ успешно беше завршена изложбата посветена на градот Кратово – „Коритон 2018“. На изложбата учество зедоа 830 фотографи од 72 држави од светот што ја прави „Коритон“ изложба со најголем број на учесници во Р Македонија. Сето тоа говори за сериозната задача пред која се најдоа членовите на жири-комисијата при оценувањето и доделувањето на наградите. Членовите на Фото клуб „Куманово“ постигнаа одлични резултати на „Коритон 2018“ и тоа:
- Викторија Златковиќ освои златен медал за фотографијата „Neighbourhood“ (тема Кратово и кратовчани);
- Владимир Јовановски освои две награди: сребрен IAAP медал за фотографијата „One“ (тема Кратово и кратовчани) и IAAP диплома за фотографијата „Wish“ (тема Слободна);
- Александар Стојчевски освои IAAP диплома за фотографијата „Chase“ (тема Кратово и кратовчани);
- Наум Цветковски освои IAAP диплома за фотографијата „Old man“ (тема Кратово и кратовчани);
- Мила Златковска освои IAAP диплома за фотографијата „Mixture all the feels“ (тема Слободна).
Отварањето на изложбата е предвидено за средината на месец декември.
Во продолжение избор од наградените фотографии.