logo
logo

признанија за членовите на фото клуб „куманово“

На Годишното собрание на Фото клуб „Куманово“ од Куманово, одржано на 23. декември 2018 година, во името на клубот, претседателот Марина Крстиќ, додели неколку награди за членовите на здружението.

Жаклина Стефановска доби признание за најактивен фотограф поради нејзините активности во промоцијата на уметничката фотографија во Куманово и во организацијата на повеќе фотографски манифестации, меѓу кои и на Малински фото фестивал, најголемиот фотографски фестивал на Балканот.

„И покрај многуте обврски на приватен и прифесионален план, со задоволство наоѓам време за Фото клуб „Куманово“ и обврските поврзани со клубот. Почнувајќи од секојдневното другарување соуметничката фотографија, спремајќи и координирајќи изложби на македонско тло, но сепак во организација на Фото клуб Куманово, максимална поддршка на Малински фото фестувал до појавување како една од тројцата од жири-комсијата за Коритон. Благодарна сум на наградата за најактивен член за 2018 и ветувам дека со исто темпо ќе зачекорам во Новата 2о19 година.“ – изјави Жаклина Стефановска.

Александар Стојчевски доби награда за најдобар млад автор благодарение на неговиот ангажман во Фото клуб „Куманово“ и учеството на повеќе изложби на уметничка фотографија. Стојчевски минатиот месец освои IAAP диплома на меѓународната изложба на фотографија „Коритон“ во темата „Кратово и кратовчани“.

„Наградата најдобар млад автор што ја добив од Фото клуб „Куманово“ ми претставува голема чест и задоволство. Признаен од луѓето што се дел од овој Клуб, за мене е голем успех бидејќи тоа се фотографи со големо искуство и добитници на многу награди за фотографијата, како на локално, така и на светско ниво. Ова ме мотивира да заземам поцврст став кон фотографирањето и да продолжам да се развивам во вистински професионалец.“ – изјави Стојчевски.

Наградата за најдобар уметнички фотограф во Општина Куманово ја доби Владимир Јовановски. Јовановски во 2018 година освои повеќе од 20-тина награди, три пати беше избиран за FIAP најдобар автор, учествуваше како жири-членво повеќе изложби и се здоби со звањето PSA екселенција (EPSA). Истотака, беше вклучен во публикацијата Photographic Exhibition of the Works of Invited World Renowned Photographers издадена од „Фотографското друштво на Макао“ и прогласен за фотограф на годината од страна на „Силе Санат Сарај“ од Р Турција. Јовановски по втор пат е добитик на наградата за најдобар уметнички фотограф во Општина Куманово, доделена од Фото клуб „Куманово“.

Comments are closed.