Во серија од пет работилници, дваесетина граѓани на Куманово имаа можност да се запознаат со основите на уличната фотографија и преку практична работа – фотографирање на терен да ги усовршат своите фотографски вештини и амбиции. Учесниците со своите фотографии ќе ги искористат за учество во фото конкурсот и изложбата кои ќе се одржат во октомври, а кои ќе имаат за цел да го документираат и слават културното и духовно наследство на Куманово кое што ова година слави 500 години од своето постоење.
Фото работилниците беа одржани во соработка со граѓанскиот центар АктивУм и НУЦК Трајко Прокопиев – Куманово, а во рамки на проектот #КултураЗаКуманово #КумановоЗаКултура. Проектот е дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) кој е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а дел кофинасира и Општина Куманово.