Марко Врдољак е еден од најпознатите репрезенти на модерната хрватската фотографија. Досега има објавено 10 монографии: “Zagrebačka županija”, “Nacionalni park Brijuni” (2010), “Nevjerojatna Hrvatska”, “Nerezine”, “Nacionalni park Risnjak”, “Zagreb”, “Lošinj Archipelago”, “Veličina skromnoga”, фотомонографија за убавината на женското тело “1/250 sec., f16, xx” и “Nacionalni park Brijuni” (2016). Своите трудови Врдољак ги има претставено на стотини изложби во Хрватска, САД, Канада, Русија, Италија, Литванија, Полска, Словачка, Исланд и други држави. Добитник е повеќе награди и признанија меѓу кои се истакнува една од најпрестижните фотографски награди во Хрватска „Тошо Дабац“, за големиот допринос што го има оставено за афирмацијата на фогографската уметност воопшто.