logo
logo

сончевата страна на улицата (луѓето од смедерево) – изложба на вања паниќ

Вања за себе ќе рече:

„Живеам во Смедерево и повеќе од 30 години се занимавам со уметничка фотографија. Имам изложено на неколку стотини колективни изложби низ поранешна Југославија. Во последните години, јас не учествував на колективни изложби и изложувам единствено на соло изложби. Досега имам одржано 17 самостојни изложби.
Бидејќи културата поради COVID-19, како и сè друго, замре, мислам дека сè уште може да се одржи во оваа ера, на некој друг начин. Имам две изложби на фотографии во моментот кои требаше да ја обиколат цела Србија оваа и следната година, но сега сето тоа запира. Бидејќи изложбената активност повеќе нема да биде како порано, мора да размислиме за нови начини. Мислам дека добар начин претставува организирање на презентација преку интернет на социјалните мрежи и на веб-страниците на културните институции. Во 2018 година, имав изложба за луѓето од Смедерево која што ја прилагодив за дигитална презентација. Веќе деновиве, изложбата „Сончева страна на улицата (луѓето од Смедерево)“ ќе биде објавена истовремено на мојот личен профил на Фејсбук, како и на големите групи на Фејсбук, во разни весници и на веб-страниците на културните институции.
Ова е, така да се каже, пилот проект, мислам дека без оглед колку животот се враќа во нормала, изложбената активност никогаш повеќе нема да биде иста. И, дури и да е, ова е додаток, изложбата ќе може да ја видат луѓе кои немаат навика да доаѓаат на отворањето на изложбите, да одат во галериите, па доколку фотографиите им се сервираат дома, тие ќе станат достапни. Едноставно, како што рече радио водителот Марко Јанковиќ, ако граѓаните во Белград не одат на реката, реката ќе дојде до нив (за време на поплавата). Мислам дека овој вид изложба е неизбежен, само овој вид култура (и мислам сликарство, скулптура, фотографија – сите гранки на ликовна уметност) остана да ги чека гостите во полупразни галерии. Првите откритија ги направи филмот, театарот и музиката со развој на телевизија, потоа новинарството со развој на интернетот. Секако, изложбата може да се доживее на вистински начин само во галеријата, бидејќи доживувате филм само кога ќе го видите на големото платно, или фото-изложба кога пред вас е фотографија од 50 x 70 см осветлена од рефлектори, но и онлајн-изложбата ќе донесе многу нови заинтересирани кои во иднина ќе дојдат на галериите.“

Comments are closed.