logo
logo

владимир јовановски се здоби со титулата mpsa

Членот на фото клуб „Куманово“ Владимир Јовановски се здоби со титулата MPSA со што стана единствен меѓународно признат мајстор на фотографија во Македонија. Титулата MPSA ја доделува Фотографското здружение на Америка (PSA) и со истата може да се пофалат мал број на фотографи во светот. Оваа титулата претставува круна на дваесет-годишното творештво на Јовановски.

До сега, Владимир Јовановски излагал во 35 држави и освоил над 100 награди и признанија. Фото сојузот на Макао го прогласува за еден од 100 највлијателни фотографи на денешницата, а Фото сојузот на Турција го прогласува за светски фотограф за 2018 година.  За свој најголем успех ги смета проектите „The other one hundred“ и „За македонцката фотографија“. Бил член и претседател на Фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово, а сега е активен член на Фото клуб „Куманово“. Тој е и директор на Малински фото фестивал, почесен член на Image Sans Frontier, Image Colleague Society и Фото клубот „Крагујевац“. Претставник, односно офицер за врска е на PSA, GPU, и ISF за Република Македонија и активен претседател на IAAP. Во фотографијата, тој не е обичен регистратор на нештата, тој го чувствува просторот околу себе, ги чувствува светлината, амбиентот и животот. Постојано трагајќи по нив, се соочува со внатрешни емоции коишто ги пренесува на своите фотографии. Последните неколку години во своето творештво настапува тематски.

Comments are closed.