logo
logo

жените и фотографијата 2022

Во чест на меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, Фото клуб Куманово во соработка со Национална фото унија и Центар за култура „Трајко Прокопиев“, а под покровителство на Општина Куманово, по деветти пат ја одржа националната изложба на уметнички фотографии Жените и фотографијата 2022.

Изложбата е посветена исклучиво на женската креативност изразена преку фотографија. Годинава учество зедоа млади почетнички и веќе искусни припаднички на женската фотографска фела од цела Македонија.

На изложбата беа изложени 50 фотографии преку кои можеме да се спознае еден поинаков поглед кон светот доловен од жената-фотограф поради нејзината суптилна, грижлива и емотивна природа. На изложбата беа застапени две теми „жена“ и слободна тема, овозможувајќи секоја фотографија да носи уникатна приказна и порака во себе.

Изложбата беше отворена на 10 март 2022 година (четврток) во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

Comments are closed.