logo
logo

фото школа

Фото клубот Куманово по седми пат организира бесплатна школа за уметничка фотографија во која учество може да земат сите заинтересирани граѓани. Фото школата ќе биде поделена на два дела:

А) Историјата, техничките и уметничките сегменти на фотографијата.
Б) Дигитална обработка на фотографијата.

За време на фото школата ќе бидат ораганизирани повеќе фото-сафари во Куманово и околината. Исто така, раководителите на фото школата ќе се потрудат да овозможат предавања на познати домашни и светски фотографи со цел доближување до актуелните трендови во уметничката фотографија.

Предавањата ќе ги држат Владимир Јовановски и Марина Атанасовиќ (претседател), заедно со останатите членови на Фото клуб Куманово. Предавањата ќе бидат одржувани во просториите на фото клуб Куманово на адреса:

Титова Митровачка бр.2, нас. Гоце Делчев, 1300, Куманово.

Курсистите што ќе ја завршат фото школата ќе се стекнат со сертификат за завршен курс издаден од страна на фото клуб Куманово и со тоа ќе добијат право да станат членови на фк Куманово. Пресек од најуспешните фотографии на курсистите ќе биде изложен на Малински фото фестивал 2023.

Сите заинтересирани можат да се пријават на нашиот е-маил: photoclubkumanovo@gmail.com или Фејсбук страна со испраќање на вашето име и презиме, телефон и емаил.

Повелете, приклучете се!

Comments are closed.