logo
logo

клупска изложба – жените и фотографијата 2014

На 7ми март во изложбениот простор при Центарот за култура Трајко Прокопиев свечено се отвори првата клупска изложба „ЖЕНИТЕ И ФОТОГРАФИЈАТА“ што ја организира новоформираниот фото клуб Куманово. Иако млад, клубот во своите редови брои добро познати автори како во Македонија, така и пошироко, кои за релативно кратко време успеаја да го закитат Куманово со бројни награди и успеси.
Поставката која ќе може да ја проследиме брои околу 40 фотографии на тринаесет авторки на клубот, кои неуморно рамо до рамо, со членовите од посилниот пол на фото клуб Куманово креативно работеа и твореа. Жената претставува мотив кај многу поети, сликари, писатели, но кога станува збор за фотографијата таа се јавува не само како инспирација за фотографите, туку и активно се вклучува во самиот процес на фотографирање, изработка на фотографијата и пренесување на стекнатото знање за фотографијата како уметност.
Жените се почуствителни и посуптилни од мажите и заради тоа подобро ги забележуваат деталите. Тоа е дар на природата и со малку спретност да фати вистински кадар, излегува одлична фотографија.

Во фотографијата нема кавалерство, па колегите фотографи почнаа озбилно да ги сфаќаат жените со фото апарат гледајќи ги како озбилна конкуренција.Многумина сеуште со не доверба гледаат на жените со фото апарат во раце, некои со восхит, но несомнено заклучуваме дека тие имаат озбилно место во светот на фотографија, оставајќи неизбришив траг за кој допрва ќе се зборува.

Comments are closed.