logo
logo

изложба на владимир јовановски во нови сад

Во сабота, 05.10.2019 година, во FIAP изложбениот центар на Фото клубот „Нови Сад“ ќе биде отворена изложба на две серии на фотографии:

  • „Monochrome“ на членот на Фото клуб „Куманово“, Владимир Јовановски (EPSA, GPU HERMES, RISF5, Македонија) , и
  • „55“ на авторот Данило Цветановиќ (AFIAP, MF FSS, ULUPUDS, Србија)

Владимир Јовановски, EPSA, GPU HERMES, RISF5, роден 1983 година, е истакнат македонски фотограф и најуспешен претставник на македонската фотографија на бројни меѓународни изложби низ светот. Излагал во 35 држави и освоил над 100 награди и признанија. Фото сојузот на Макао го прогласува за еден од 100 највлијателни фотографи на денешницата, а Фото сојузот на Турција го прогласува за светски фотограф за 2018 година. За свој најголем успех ги смета проектите „The other one hundred“ и „За македонцката фотографија“. Бил член и претседател на Фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово, а сега е активен член на Фото клуб „Куманово“. Тој е и директор на Малински фото фестивал, почесен член на Image Sans Frontier, Image Colleague Society и Фото клубот „Крагујевац“. Претставник, односно офицер за врска е на PSA, GPU, и ISF за Република Македонија и активен претседател на IAAP. Во фотографијата, тој не е обичен регистратор на нештата, тој го чувствува просторот околу себе, ги чувствува светлината, амбиентот и животот. Постојано трагајќи по нив, се соочува со внатрешни емоции коишто ги пренесува на своите фотографии. Последните неколку години во своето творештво настапува тематски.

Comments are closed.