Од 14 до 16 септември 2018 година фотографот и член на Фото клуб „Куманово“, Сандра Трајковска беше дел од жири-комисијата на изложбата „Корикос“ во Мерсин, Р Турција. Изложбата, организирана од страна на фотографското друштво „Мерсин Олба“, имаше меѓународен карактер и на истата учествуваа повеќе од 100 светски реномирани фотографи. На жири-манифестацијата Сандра се претстави со сопствена проекција на фотографии насловена како „(E)motions“ која што беше одлично примена од страна на публиката. Во продолжение следуваат дел од фотографските записи од настанот.