На 3 февруари 2024 година, во просториите на Фото клуб Куманово, се одржа годишно собрание на клубот. На собранието беа разгледани активностите од минатата година, како и плановите за 2024 година. За најактивен член за 2023 година беше прогласена Неда Арсениевска.
Покрај веќе започнатите проекти како “Жените и фотографијата”, “Малински фото фестивал”, и интернационалните салони “Фото приказна” и “Игра”, оваа година клубот во својата програма вклучи и старо-нови проекти: “Кокино”, “Коритон” и “Тумба”.
На собранието беа изгласан и измени во составот на органите на клубот. Во Извршниот одбор беа новоизбрани членовите: Марина Атанасовиќ, Владимир Јовановски и Стефан Илиевски. Во Надзорниот одбор како новоизбрани членови влегоа: Викторија Петрушевиќ, Ивана Јовановска Кузмановска и Сандра Трајковска. Во Уметничкиот совет новоизбрани членови се: Александар Стојчевски, Владимир Јовановски и Марина Атанасовиќ. На позицијата на Секретар на Фото клуб Куманово едногласно беше изгласан членот Наум Цветковски Исто така, се дискутираше и избра медиумски координатор на клубот, за која позиција едногласно беше избрана Анита Димовска.
Се разговараше и за организација на заедничка дружба на членовите по повод јублилејните 10 години од постоење на клубот.
Фото клуб Куманово се надева на уште поголем успех и креативност во наредниот период.