Успешната соработка на Фото клуб Куманово со ФЗ Војниц – ФОТУМ од Полска резултираше со отварањето на клупската изложба на ФК Куманово во Војниц, Полска. Изложбата претставуваше избор од 40 фотографии од творештвото на членовите на ФК Куманово: Владимир Јовановски, Анита Станишковска, Душко Јовановски, Александар Драгишевски, Дарио Королија, Фросина Јовановска, Драгана Спасовска, Филип Јаневиќ, Софија Петковска (Величковска), Марија Јовановска, Марина Крстиќ, Габриела Савевска, Ивана Илиевска, Жаклина Стефановска, Марјан Јаневски, Нате Јовчевска, Мери Јаневска, Предраг Поповски и Сандра Трајковска.
Во чест на Интернационалниот ден на жената, 8-ми Март, и оваа 2018 година фото клубот Куманово по петто, јубилејно издание, ја организира изложбата на уметнички фотографии „Жените и фотографијата 2018“. Затоа ги охрабруваме сите љубителки на фотографијата и заинтересирани учеснички, без разлика дали се самостојни авторки или членови на фото клуб, да ги прикачат своите фотографии на веб страната: photoclubkumanovo.com/zenite/Темата на изложбата е слободна. Изложбата е без котизација, ограничена на учеснички од Република Македонија и нема натпреварувачки карактер. Годинава селектор на […]
На 23 декември 2017 година во 12:00 часот во Градскиот музеј на град Кратово, Кратово беше отворена изложбата Коритон 2017 во организација на фото клуб Куманово. Изложбата Коритон 2017 се состоеше од две теми: слободна и Кратово и Кратовчани. Коритон 2017 беше под покровителство на меѓународната фотографска организација IAAP и на Националната фото унија на Македонија (НФУМ). На изложбата учествуваа повеќе од 500 автори од 63 држави. Селекцијата на победничките фотографии беше направена од страна на стучното жири составено од […]
Фото клуб Куманово, веќе 4-та година по ред се најде во улога на организатор на меѓуклупската изложба на уметничка фотографија насловена како “Жените и фотографијата”. Повикот за учество на изложбата беше упатен до сите фотографски клубови ширум Република Македонија. На повикот се пријавија над 30 фотографки и беа разгледани над 200 фотографии. Раководејќи се со лозунгот, Жените-фотографи и нивната можност за слободно изразување преку фотографијата, откривањето на себе си и светот околу нив“ селекторот на изложбата Жаклина Стефановска издвои 60 […]
Креативното творење и активното излагање на членовите на Фото Клуб Куманово на домашни и меѓународни изложби на уметничка фотографија во изминатиот период им донесе многу награди и признанија.Како едни од позначајните награди, членовите на клубот ги издвојуваат: Бронзен медал и Диплома на меѓународната изложба во Полска “Wojnicz International Salon 2016”, Диплома на меѓународна изложба во Босна и Херцеговина “Banja Luka 2016”, Бронзен медал на меѓународната изложба во Иран “Khayyam International Exhibition of photography” , Дипломи на изложбата во Црна Гора […]
Фото клуб Куманово успешно ја заокружува третата година од своето формирање. Во овој периодот беа реализирани многу активности со цел промоција и анимирање на уметничката фотографија, проширување на контактите и соработката со останатите фотографски друштва во Македонија и низ Светот, како и изведување на бесплатни фото-курсеви, со можност, по успешно завршување на предавањата курсистите да станат нови членови на ФК Куманово. Особена гордост за членовите на клубот е организацијата на фотографскиот фестивал насловен како „Малински Фото Фестивал“ кој што за […]
Веќе трета година по ред, Фото клуб Куманово, во склоп на Фото фестивал Малински , организира меѓуклупска изложба на уметничка фотографија, насловена како “Круг”. Минатогодишните меѓуклупски натпревари помеѓу ФКК Прилеп и ФКК Битола предизвикаа голем интерес. Па така оваа година, натпреварот ги проби територијалните граници и возрасните бариери помеѓу многу фотографи од светот, кои со своето име и дела земаа учество во овој натпревар. Фото клуб Куманово овој пат се натпреваруваше со Фото клуб Војцин од Полска. На оваа изложба […]
Во НУЦК “Трајко Прокопиев” Куманово, на 15 април беше отворена прва по ред меѓународна изложба на уметничка фотографија “Photo Story 2015” односно “Фото Приказна 2015”, организирана од страна на Фото клуб Куманово. Photo Story 2015 година успеа да добие покровителство од повеќето светски фотографски организации, меѓукои ПСА, ИААП, УПИ и ИСФ. А патронатите, односно покровителствата претставуваат вистинско и големо признание за тригодишната напорна работа на членовите на ФК Куманово од нашиот град. Со овие високи признанија од фотографските организации за Photo Story […]
По повод денот на жената 8-ми Март, фото Клуб Куманово и оваа година традиционално се најде во улога на организатор на изложбата “Жените и фотографијата 2016”. Поставката на изложбата како и отварањето на истата беше во НУЦК “Трајко Прокопиев” во Куманово, каде што љубителите на фотографија ќе имаат можност да ја проследат во наредните две недели. Годинава изложбата беше меѓуклупска, каде што учество зедоа повеќе авторки ,членови на клубовите ширум Македонија како и самостојни авторки. На изложбата се претставија 26 […]
Творештвото на членовите на ФК Куманово секогаш резултира со освојување на награди и признанија како потврда за квалитетот, умешноста и креативноста во областа на уметничката фотографија.Како и до сега, фотографите од нашиот клуб на изложбите во и надвор од државата му донесоа на клубот многу медали и дипломи за своите дела. На меѓународната изложба “Play 2016” , Стефан Петровски се закити со IAAP Ribbon за фотографијата насловена како “Ghost Story”, а Жаклина Стефановска исто така освои IAAP Ribbon за фотографијата […]