logo
logo

Category : новости

10 Јан 2020

предавање на марко врдољак

Марко Врдољак е еден од најпознатите репрезенти на модерната хрватската фотографија. Досега има објавено 10 монографии: “Zagrebačka županija”, “Nacionalni park Brijuni” (2010), “Nevjerojatna Hrvatska”, “Nerezine”, “Nacionalni park Risnjak”, “Zagreb”, “Lošinj Archipelago”, “Veličina skromnoga”, фотомонографија за убавината на женското тело “1/250 sec., f16, xx” и “Nacionalni park Brijuni” (2016). Своите трудови Врдољак ги има претставено на стотини изложби во Хрватска, САД, Канада, Русија, Италија, Литванија, Полска, Словачка, Исланд и други држави. Добитник е повеќе награди и признанија меѓу кои се истакнува […]

30 Дек 2019

прогласени најдобрите кумановски фотографи

На годишното собрание на Фото клуб „Куманово“ кое се одржа на 29 декември година беа прогласени најдобрите фотографи во Куманово за 2019 година. Претседателот Марина Крстиќ плакетата за најдобар фотограф во Куманово ја додели на членот на Фото клуб „Куманово“ Александар Стојчевски за неговиот континуиран ангажман во работата на клубот, успесите и добиените награди на националните и меѓународни изложби, како и во промоцијата на уметничката фотографија воопшто. Стојчевски во 2019 година освои три бронзени медали, еден сребрен медал и повеќе […]

04 Дек 2019

познати наградените фотографии на коритон

На 17 ноември 2019 година беше затворена изложбата Коритон 2019 што во чест на градот Кратово ја организира Фото клуб „Куманово“. На овој 4-ти по ред натпревар на уметничка фотографија пристигнаа 3218 дела на 777 учесници од сите делови на светот со што Коритон го задржа своето реноме како најбројна изложба во историјата на македонската фотографија. За оценување на пристигнатите трудови беше задолжено стручното жири во состав: 1. Владимир Јовановски (Фото клуб Куманово)2. Александар Стојчевски (Фото клуб Куманово) 3. Димитар […]

29 Ное 2019

моето семејство во кина

Од 8 до 12 ноември во Лишу, Кина се одржа фотографскиот фестивал Лишу. На настанот учество зедоа 5021 фотограф од 108 држави, 153 институции и 122 колеџи и универзитети. Фестивалот вклучуваше интернационални семинари, тематски изложби, изложби на фотографска опрема, саем на културен туризам и други настани. Целта на фестивалот беше да се промовира и зачува академската заедница, интернационализмот, колективната акција и глобалната свесност. Во рамките на фестивалот беше отворена изложбата „Јас и мојата фамилија“, во која што свое излагање со […]

15 Ное 2019

фото клуб куманово во индија

Авторите и членови на Фото клуб Куманово се преставија со колекција фотографии на изложбата организирана од страна на Националната академија за фотографија на Индија (National Academy of Photography – NAP). Оваа изложба беше организирана по повод Светскиот ден на фотографијата – 19 август и јубилејот од 180 години откако француската влада го откупи патентот за фотографскиот процес од пронаоѓачот Луј Дагер. Настанот се одржа во Калкута од 27 август до 1 септември 2019 година и беше под покровителство на ФИАП […]

06 Ное 2019

преостануваат уште 10 дена за пријавувањето на коритон 2019

Во тек е пријавувањето на Коритон 2019, изложба на уметничка фотографија, посветена на малиот, но историски богат град Кратово. Изложбата, во организација на Фото клуб „Куманово“, е со натпреварувачки карактер, каде учесниците се натпреваруваат за повеќе од 30 награди. Вредно е да се напомене дека минатогодишното издание на Коритон беше своевиден рекордер по бројот на учесници, доколку како критериум се земат досегашните меѓународни изложби во Македонија, со дури 848 учесници од повеќе од 40 држави низ светот. Изложбата е отворена […]

22 Окт 2019

успешно лето за фото клуб куманово

Третиот квартал на 2019 година за Фото клуб Куманово претставуваше еден од најуспешните периоди во постоењето на клубот. На полето на уметничката фотографија беа реализирани повеќе проекти, а нашите членови зедоа учество на голем број меѓународни и национални изложби на фотографии. Меѓудругото со награди се закитија:

08 Окт 2019

реализиран проектот фото работилници заедно со граѓанскиот центар активум

Во серија од пет работилници, дваесетина граѓани на Куманово имаа можност да се запознаат со основите на уличната фотографија и преку практична работа – фотографирање на терен да ги усовршат своите фотографски вештини и амбиции. Учесниците со своите фотографии ќе ги искористат за учество во фото конкурсот и изложбата кои ќе се одржат во октомври, а кои ќе имаат за цел да го документираат и слават културното и духовно наследство на Куманово кое што ова година слави 500 години од […]

02 Окт 2019

изложба на владимир јовановски во нови сад

Во сабота, 05.10.2019 година, во FIAP изложбениот центар на Фото клубот „Нови Сад“ ќе биде отворена изложба на две серии на фотографии: „Monochrome“ на членот на Фото клуб „Куманово“, Владимир Јовановски (EPSA, GPU HERMES, RISF5, Македонија) , и „55“ на авторот Данило Цветановиќ (AFIAP, MF FSS, ULUPUDS, Србија) Владимир Јовановски, EPSA, GPU HERMES, RISF5, роден 1983 година, е истакнат македонски фотограф и најуспешен претставник на македонската фотографија на бројни меѓународни изложби низ светот. Излагал во 35 држави и освоил над […]

24 Сеп 2019

промоција на „животот во хавана“ од роберто брсакоски

Во просториите на Фото клуб Куманово на 30 август (петок) се одржа промоција на новото дело на авторот Роберто Брсакоски, „Животот во Хавана“. Со промоцијата на книгата вооедно беше отворена и изложба на неговите фотографии. Роберто Брсаковски е роден во Скопје, 1970 година. Тој е фотограф, филозоф, патописец кој со својата фотографија ја прикажува својата филозофија и перцепција на урбаните средини. Ги опишува нивните убавини, природата , расположението, луѓето и амбиентот. Познатиот критичар Владимир Плавевски за книгата на Брсакоски ќе […]