logo
logo

Category : новости

28 Ное 2022

изложба окото на светот

Десетата изложба од проектот Окото на светот [Eye of the World] каде што се претставуваат 11 колекции од 11 држави во светот припадна на Фото клуб Куманово од Македонија. Изложбата беше отворена на 25 ноември 2022 година во виртуелната изложбена хала на галеријата Силе Салај. Изложените фотографии може да се погледнат на следниот линк: https://fiap.sergisistemi.com/

21 Окт 2022

свечено отворање – фото приказна 2022

Во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово, на 20 октомври 2022 година беше отворена шестата по ред меѓународна изложба на уметничка фотографија “Photo Story 2022” односно “Фото Приказна 2022”, организирана од страна на Фото клуб Куманово. Photo Story 2022 година успеа да добие покровителство од повеќето светски фотографски организации, меѓу кои ПСА и ИААП. Овие покровителства претставуваат вистинско и големо признание за осумгодишната напорна работа на членовите на ФК Куманово. Со овие високи признанија од фотографскит организации за Photo Story слободно може да кажеме дека […]

20 Сеп 2022

фото школа

Фото клубот Куманово по седми пат организира бесплатна школа за уметничка фотографија во која учество може да земат сите заинтересирани граѓани. Фото школата ќе биде поделена на два дела: А) Историјата, техничките и уметничките сегменти на фотографијата.Б) Дигитална обработка на фотографијата. За време на фото школата ќе бидат ораганизирани повеќе фото-сафари во Куманово и околината. Исто така, раководителите на фото школата ќе се потрудат да овозможат предавања на познати домашни и светски фотографи со цел доближување до актуелните трендови во […]

19 Сеп 2022
13 Сеп 2022

трансфер на културни вредности преку фотографија

На 15 септември (четврток) 2022 година во 19 часот, во просториите на Фото клуб Куманово ќе биде отворена изложбата „Трансфер на културни вредности преку фотографија“. Целта на изложбата е да ги претстави историските и културни вредности на Балканот, искажани преку моќта на фотографијата. Изложбата во Куманово претставува дел од 5 изложби, кои освен во Македонија, ќе се одржат во Турција (2), Србија и Албанија. Проектот е финансирана од страна на Европската Унија и Регионалната мрежа за културни различности. Од членовите […]

15 Авг 2022

балкански фото караван – transfer of cultural values through photography

На 5 август 2022 година во Малатија, Република Турција беше отворена балканска изложба на уметнички фотографии во која учество зедоа фотографите на нашиот клуб. Освен на Фото клуб Куманово изложени беа и фотографии на учесници од Турција, Србија и Албанија. Изложбата беше свечено затворена на 10 август, а планирано е подоцна караванот фотографии да продолжи во галеријата Силе во Коња, во Параќин, Куманово и Валона.

10 Јун 2022
13 Апр 2022

отворена самостојната изложба на уметничка фотографија на авторот коста дупчинов насловена „носталгија втор дел“

На 11 април 2022 година во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово, се одржа изложбата „Носталгија втор дел“ на Коста Дупчинов. На изложбата беше претставена колекција од 34 фотографии и тематски е продолжение на неговата прва изложба „Носталгија“ од 2017 година. Изложбата беше организирана со поддршка на Фото клуб Куманово, Национална фото унија и Фондација за култура и спорт од Куманово. – Колекцијата на фотографии е составена од моменти и емоции доловени преку уметничка фотографија. Портрети на херои на едно […]

11 Апр 2022

cамостојна изложба на фотографот коста дупчинов – „носталгија втор дел“

Старите занаети се во фокусот на втората самостојна изложба на фотографот Коста Дупчинов, насловена „Носталгија втор дел“, која ќе биде отворена во понеделник од 19 часот во Занаетчискиот дом во Куманово. Изложбата ќе прикаже 34 фотографии испечатени на фотоплатно и тематски е продолжение на неговата прва изложба „Носталгија“ од 2017 година. – Колекцијата на фотографии е составена од моменти и емоции доловени преку уметничка фотографија. Портрети на херои на едно време, занаетчии и нивните дела. Додека нивното време минува, нивните […]

11 Мар 2022

ретроспективна изложба на душко јовановски

На 08 март 2022 година (вторник) во 11 часот во просторите на Народен Музеј – Свети Николе под покровителство на Национална фото унија, Фото клуб Куманово и Министерство за култура на Република Македонија се одража Ретроспективна изложба на Душко Јовановски. Душко Јованoвски е роден 1949 година, КМ ФСЈ, фотограф ентузијаст. Во светот на фотографијата влегува 1967 година со фотографијата „Очекување“. Следната деценија опојната магија на фотографијата за него ќе биде предизвик и инспирација, а уметничката фотографија творечко хоби. Во потрагата […]