На 5 август 2022 година во Малатија, Република Турција беше отворена балканска изложба на уметнички фотографии во која учество зедоа фотографите на нашиот клуб. Освен на Фото клуб Куманово изложени беа и фотографии на учесници од Турција, Србија и Албанија. Изложбата беше свечено затворена на 10 август, а планирано е подоцна караванот фотографии да продолжи во галеријата Силе во Коња, во Параќин, Куманово и Валона.
На 17 ноември 2019 година беше затворена изложбата Коритон 2019 што во чест на градот Кратово ја организира Фото клуб „Куманово“. На овој 4-ти по ред натпревар на уметничка фотографија пристигнаа 3218 дела на 777 учесници од сите делови на светот со што Коритон го задржа своето реноме како најбројна изложба во историјата на македонската фотографија. За оценување на пристигнатите трудови беше задолжено стручното жири во состав: 1. Владимир Јовановски (Фото клуб Куманово)2. Александар Стојчевски (Фото клуб Куманово) 3. Димитар […]
Авторите и членови на Фото клуб Куманово се преставија со колекција фотографии на изложбата организирана од страна на Националната академија за фотографија на Индија (National Academy of Photography – NAP). Оваа изложба беше организирана по повод Светскиот ден на фотографијата – 19 август и јубилејот од 180 години откако француската влада го откупи патентот за фотографскиот процес од пронаоѓачот Луј Дагер. Настанот се одржа во Калкута од 27 август до 1 септември 2019 година и беше под покровителство на ФИАП […]
Трета година по ред Кратово се најде во улога на домаќин на меѓународната изложба на уметничка фотографија насловена како “Коритон”. Имено, на 15 декември годинава, во Домот на култура „Лазар Софијанов“ во 12 часот беше оворена изложбата, која е во организација на Фото клуб „Куманово“, а е под покровителство на Националната фото унија на Македонија и Интернационалната асоцијација на уметнички фотографи (IAAP). На отворањето на изложбата присуствуваа околу 50 луѓе од Кратово и останатите градови. „Коритон претставува пресек од најдобрите […]
Во ноември 2018 година во организација на Фото клуб „Куманово“ успешно беше завршена изложбата посветена на градот Кратово – „Коритон 2018“. На изложбата учество зедоа 830 фотографи од 72 држави од светот што ја прави „Коритон“ изложба со најголем број на учесници во Р Македонија. Сето тоа говори за сериозната задача пред која се најдоа членовите на жири-комисијата при оценувањето и доделувањето на наградите. Членовите на Фото клуб „Куманово“ постигнаа одлични резултати на „Коритон 2018“ и тоа: Отварањето на изложбата […]
Втората половина на 2018 година посведочи повеќе меѓународни активности на членовите на Фото клуб „Куманово“. Така, на покана на организаторот на меѓународната изложба „Пре фото“, Едон Агуши од Прешево, Р Србија, претседателот на Фото клуб „Куманово“ Марина Крстиќ зеде учество во церемонијата на доделување на наградите. Марина претходно беше дел од тричлената жири-комисија на изложбата. Манифестацијата, под отворено небо, беше одржана на 17 ноември 2018 година и на истата беа присутни познати фотографски имиња од регионот и пошироко. Треба да […]
На 27 септември успешно беше заокружена изложбата „Photo Story 2018“ организирана од страна на Фото клуб „Куманово“, а со поддршка на Министерството за култура на Р Македонија и под патронажа на организациите PSA и IAAP. На изложбата свое учество зедоа повеќе од 300 фотографии од сите страни на светот. На девет теми, од страна на стручната жири комисија во состав Марина Крстиќ, Марјан Јаневски и Душко Јовановски, беа доделени вкупно 144 медали. Честа на Фото клуб „Куманово“ ја одбранија, Жаклина […]