logo
logo

Category : новости

06 Сеп 2023

македонска љубовна приказна

Проекцијата „Македонска љубовна приказна“ е составена од околу 450 фотографии, која ги промовира македонските природни убавини, историски знаменитости, цркви, манастири, традиции и носии на Македонија. Видео-изложбата е презентирана во Обединетите Нации во Женева на 6 Септември 2023.Автор на проектот е Гонца Перунковска, која што живее и работи во Швајцарија.Фотографи кои учествуваат во видео-проекцијата се: Наце Попов, Билјана Јуруковски, Владимир Јовановски (Фото клуб Куманово), Дуле Дамјановски, Гордан Ристовски, Доријан Миловановиќ, Зоран Карапанчев, Ристе Спироски, Ристе Стамаџиев, Маја Крстевска Коларова, Горан Анастасовски […]

05 Сеп 2023

малински фото фестивал

Во срцето на Балканот, сместен меѓу живописните пејзажи и богатото културно наследство, се расплетуваше Малински фото фестивал, прослава на визуелното раскажување приказни и уметноста на фотографијата. Додека сонцето се спушташе под хоризонтот, Куманово беше домаќин на инаугуративниот ден на овој несекојдневен настан. Ден 1: Куманово [1 септември 2023 година] Фестивалот започна во Занаетчискиот дом, каде што меѓународната изложба на Глобалната фотографска унија (GPU) го зазеде централното место во 19:00 часот. Воодушевувачка низа фотографии од талентирани уметници од целиот свет ги […]

31 Мај 2023

фото клуб куманово вклучен во проект еразмус+

Преседателот на Фото клуб Куманово Марина Атанасовиќ беше вклучена во проектот Еразмус + на ООУ „Толи Зордумис“, во кој таа одржа неколку предавања на ученици од деветто и осмо одделение од областа на уметничка фотографија, после кои имаше теренска обука запознавање и користење на професионални дслр апарати. Приказната која учениците ја раскажаа преку објективот беше претставена на завршната изложба која се одржа во Уметничката галерија во Куманово на 18.05.2023 во 19:00 часот. На изложбата беа присутни сите инволвирани ученици, како и […]

06 Мар 2023

in memoriam јан вало [1964 – 2023]

Со голема тага изразуваме сочувство за смртта на Јан Вало, познат српски фотограф од Нови Сад. Работата на Јан беше вистински одраз на неговиот талент и страст за фотографија, а неговото отсуство длабоко ќе го почувствува фотографската заедница во Србија и пошироко. Главниот мотив во неговите фотографии беа луѓето. Како што самиот ќе изјави: Животот е составен од луѓе. Човекот е општествено битие, тој создава заедница и град. На многу фотографии покажав човек кој е сам, отуѓен. Животот ги има […]

21 Фев 2023

реализирано предавање жената во уметноста – денес

Во пресрет на меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, фото клуб „Куманово“ од Куманово, во соработка со училиштето ООУ „Кочо Рацин“, беше  домаќин на предавање на тема „Жената во уметноста – денес“, кое имаше за цел да ги разбуди креативните нишки кај младите девојки ученички, кон послободно творење и отворање кон светот на уметноста. Меѓународниот ден на жената 8-ми Март, е потсетник да запреме – да го согледаме и славиме напредокот на жените низ историјата. Историја која сведочи за борба […]

16 Фев 2023

предавање на тема жената во уметноста – денес

Со задоволство ве покануваме на нашето претстојно предавање на тема „Жената во уметноста – денес“. Предавањето ќе се одржи на 20.02.2023 во 13 часот на локација ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово. Низ историјата, придонесите на жените во уметноста биле занемарени или потценети. Сепак, денес, жените уметнички даваат значителен придонес во областа на уметноста и го предизвикуваат традиционалниот уметнички свет. Во ова предавање ќе ја истражиме историјата на жените во уметноста, моменталната состојба на учеството на жените во светот на уметноста […]

28 Ное 2022

изложба окото на светот

Десетата изложба од проектот Окото на светот [Eye of the World] каде што се претставуваат 11 колекции од 11 држави во светот припадна на Фото клуб Куманово од Македонија. Изложбата беше отворена на 25 ноември 2022 година во виртуелната изложбена хала на галеријата Силе Салај. Изложените фотографии може да се погледнат на следниот линк: https://fiap.sergisistemi.com/

21 Окт 2022

свечено отворање – фото приказна 2022

Во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово, на 20 октомври 2022 година беше отворена шестата по ред меѓународна изложба на уметничка фотографија “Photo Story 2022” односно “Фото Приказна 2022”, организирана од страна на Фото клуб Куманово. Photo Story 2022 година успеа да добие покровителство од повеќето светски фотографски организации, меѓу кои ПСА и ИААП. Овие покровителства претставуваат вистинско и големо признание за осумгодишната напорна работа на членовите на ФК Куманово. Со овие високи признанија од фотографскит организации за Photo Story слободно може да кажеме дека […]

20 Сеп 2022

фото школа

Фото клубот Куманово по седми пат организира бесплатна школа за уметничка фотографија во која учество може да земат сите заинтересирани граѓани. Фото школата ќе биде поделена на два дела: А) Историјата, техничките и уметничките сегменти на фотографијата.Б) Дигитална обработка на фотографијата. За време на фото школата ќе бидат ораганизирани повеќе фото-сафари во Куманово и околината. Исто така, раководителите на фото школата ќе се потрудат да овозможат предавања на познати домашни и светски фотографи со цел доближување до актуелните трендови во […]

19 Сеп 2022