logo
logo

Category : новости

22 Сеп 2020

владимир јовановски се здоби со титулата mpsa

Членот на фото клуб „Куманово“ Владимир Јовановски се здоби со титулата MPSA со што стана единствен меѓународно признат мајстор на фотографија во Македонија. Титулата MPSA ја доделува Фотографското здружение на Америка (PSA) и со истата може да се пофалат мал број на фотографи во светот. Оваа титулата претставува круна на дваесет-годишното творештво на Јовановски. До сега, Владимир Јовановски излагал во 35 држави и освоил над 100 награди и признанија. Фото сојузот на Макао го прогласува за еден од 100 највлијателни […]

09 Сеп 2020

одложена фото школа

Со големо жалење ве известуваме дека поради пандемијата на Ковид-19, Фото клуб Куманово за школската 2020 / 2021 година е одложена. Останете безбедни!

07 Јул 2020
23 Јун 2020
15 Јун 2020

основите на астрофотографијата

Во петок на 12.06.2020 година, во 20:00 часот, беше одржано онлајн предавање од областа на уметничката фотографија. Преку Zoom апликацијата, Стефан Илиевски, член на Фото клуб Куманово, зборуваше за основите на астрофотографијата.

28 Мај 2020

онлајн клупска изложба на фото клуб куманово

Во духот на правилата да бидеме физички дистанцирани еден од друг, далеку од фотографската рутина, членовите на Фото клуб Куманово со гордост ја прифатија понудата на почитуваниот клуб Силе Санат Сарај со цел да останеме поврзани со нашите пријатели од Република Турција. Ние како клуб ја прифативме оваа покана со чест. Настанот преставуваше подарок од Силе Санат Сарај, во ова време на КОВИД-19. Посебно сме благодарни за изложбата бидејќи поради пандемијата во последните неколку месеци нашите редовни фотографски активност и […]

27 Мај 2020

животот и делото на лори албин жилот

Вчера вечер на 26.05.2020 година (вторник), во 20:30 часот, беше одржано онлајн предавање од областа на уметничката фотографија. Преку Zoom апликацијата, нашата ценета членка Марина Крстиќ зборуваше за Laure Albin Guillot, француска пионерка во модерната фотографија, со чии дела ја издигнува уметничката фотографија на ново ниво, во меѓувоениот период. Предавањето беше повеќе како дискусија, каде се разгледаа делата на споменатата авторка, а потоа се дискутираше за истите од денешен аспект. Присутните имаа можност да уживаат во интересни апстракции наречени микрографии, […]

13 Мај 2020

сончевата страна на улицата (луѓето од смедерево) – изложба на вања паниќ

Вања за себе ќе рече: „Живеам во Смедерево и повеќе од 30 години се занимавам со уметничка фотографија. Имам изложено на неколку стотини колективни изложби низ поранешна Југославија. Во последните години, јас не учествував на колективни изложби и изложувам единствено на соло изложби. Досега имам одржано 17 самостојни изложби. Бидејќи културата поради COVID-19, како и сè друго, замре, мислам дека сè уште може да се одржи во оваа ера, на некој друг начин. Имам две изложби на фотографии во моментот […]

28 Апр 2020

известување за одложување на малински фото фестивал

Почитувани пријатели, љубители на уметничката фотографија, Фото клуб Куманово од своето основање до денес, секоја година го одржува веќе престижниот фестивал на уметничка фотографија познат како „Малински фото фестивал“, кој оваа година требаше да се одржи во мај. Но, поради општопознатата ситуација со корона –вирусот,  Претседателството одлучи истиот да биде одложен за следната година. До тогаш се надеваме дека условите ќе се нормализираат. На сите наши учесници, пријатели, фотографи и филмографи, овдешни и странски (сите кои требаа и сакаа да […]

10 Фев 2020

отворен повик за учество

#RYCO #UNPF #Prijateljiplanete #PhotoClubKumanovo Отворен повик за млади луѓе, во рамките на проектот „Сликите за регионот“, преку кој ќе се рашират и разменат културни вредности на регионот од: Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија, преку фотографија. Право на учество имаат луѓе на возраст од 18-25 години. Млади луѓе кои никогаш не патувале низ регионот, луѓе со инвалидитет /  или со помалку можности, ќе имаат предност за време на селекцијата. Идејата на организаторот е да се фотографира животот во локалната заедница, преку […]