logo
logo

Category : новости

03 Дек 2018

фото клуб „куманово“ прогласен за светски фотографски центар при гпу

Повеќегодишните успеси на фото клуб Куманово при едукација, организација и промоција на фотографијата како уметност, беа препознаени од еминентна фотографска меѓународна организација ГПУ (Global Photographic Union). Имено Глобалната фотографска унија по едногодишно детално нагледување на активностите на клубот, донесе одлука да го прогласи Куманово, односно фото клуб Куманово за „Светки фотографски центар“. „Фото клуб Куманово е млад клуб, но во неговато јадро има светски познати фотографи кои постигнаа големи успеси во краткиот период од неговото постоење. Покрај изложбените активности и […]

30 Ное 2018

владимир јовановски вклучен во публикацијата „photographic exhibition of the works of invited world renowned photographers“

Фотографиите на членот на Фото клуб „Куманово“, Владимир Јовановски, беа вклучени во публикацијата „Photographic Exhibition of the Works of Invited World Renowned Photographers“ на Фотографското друштво на Макао, Р Кина. Делото содржи фотографии на 136 светски докажани имиња во сферата на уметничката фотографија, од 58 држави и региони. Ова претставува големо признание и дополнителен мотив за уште поголем ангажман на творечко поле, како за авторот така и за Фото клуб „Куманово“.

23 Ное 2018

успешно завршена изложбата коритон

Во ноември 2018 година во организација на Фото клуб „Куманово“ успешно беше завршена изложбата посветена на градот Кратово – „Коритон 2018“. На изложбата учество зедоа 830 фотографи од 72 држави од светот што ја прави „Коритон“ изложба со најголем број на учесници во Р Македонија. Сето тоа говори за сериозната задача пред која се најдоа членовите на жири-комисијата при оценувањето и доделувањето на наградите. Членовите на Фото клуб „Куманово“ постигнаа одлични резултати на „Коритон 2018“ и тоа: Отварањето на изложбата […]

21 Ное 2018

предавање на владимир јовановски во штип

На 21 ноември 2018 година, во Штип, Владимир Јовановски одржа предавање на тема „Основи на креативната фотографија“. Предавањето беше организирано на покана од Фото клуб „Широк Агол“ во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ и Факултетот за ликовна уметност. На истото присуствуваа повеќе љубители на уметничката фотографија.

21 Ное 2018

фото клуб „куманово“ гости на меѓународната изложба „пре фото“ во прешево

Втората половина на 2018 година посведочи повеќе меѓународни активности на членовите на Фото клуб „Куманово“. Така, на покана на организаторот на меѓународната изложба „Пре фото“, Едон Агуши од Прешево, Р Србија, претседателот на Фото клуб „Куманово“ Марина Крстиќ зеде учество во церемонијата на доделување на наградите. Марина претходно беше дел од тричлената жири-комисија на изложбата. Манифестацијата, под отворено небо, беше одржана на 17 ноември 2018 година и на истата беа присутни познати фотографски имиња од регионот и пошироко. Треба да […]

21 Ное 2018
20 Ное 2018

успешно завршена изложбата „photo story 2018“ на фото клуб „куманово“

На 27 септември успешно беше заокружена изложбата „Photo Story 2018“ организирана од страна на Фото клуб „Куманово“, а со поддршка на Министерството за култура на Р Македонија и под патронажа на организациите PSA и IAAP. На изложбата свое учество зедоа повеќе од 300 фотографии од сите страни на светот. На девет теми, од страна на стручната жири комисија во состав Марина Крстиќ, Марјан Јаневски и Душко Јовановски, беа доделени вкупно 144 медали. Честа на Фото клуб „Куманово“ ја одбранија, Жаклина […]

20 Ное 2018

учество во жири-комисија во мерсин, р турција

Од 14 до 16 септември 2018 година фотографот и член на Фото клуб „Куманово“, Сандра Трајковска беше дел од жири-комисијата на изложбата „Корикос“ во Мерсин, Р Турција. Изложбата, организирана од страна на фотографското друштво „Мерсин Олба“, имаше меѓународен карактер и на истата учествуваа повеќе од 100 светски реномирани фотографи. На жири-манифестацијата Сандра се претстави со сопствена проекција на фотографии насловена како „(E)motions“ која што беше одлично примена од страна на публиката. Во продолжение следуваат дел од фотографските записи од настанот.

29 Авг 2018

фото школа 2018 – 2019

Фото клубот Куманово по петти пат организира бесплатна школа за уметничка фотографија во која учество може да земат сите заинтересирани граѓани. Фото школата ќе биде поделена на два дела: А) Историјата, техничките и уметничките сегменти на фотографијата.Б) Дигитална обработка на фотографијата. За време на фото школата ќе бидат ораганизирани повеќе фото-сафари во Куманово и околината. Исто така, раководителите на фото школата ќе се потрудат да овозможат предавања на познати домашни и светски фотографи со цел доближување до актуелните трендови во […]

15 Авг 2018

марина крсиќ освои златен медал

На циркуларната изложба за уметничка фотографија Shadow Hunter Circuit 2018, организирана од стана на Фото Клуб Infinity – Добој, Босна и Херцеговина, Фотографска агенција Лумиер – Крагујевац, Србија и Фото Клуб Крк – Крк, Хрватска, претседателот на клубот освои ПСА златен медал за фотографијата “3 Windows” на тема Архитектура во Крагујевац. На изложбата беа регистирани околу 350 автори и пристигнати над 4000 фотографии во 12 различни секции оценувани од страна на 9 жири членови, Марина успеа да освои златен медал. […]