logo
logo

Category : новости

08 Авг 2018

фото скарафари – преспа 2018

По долги договарања и презакажувања членовите на фото клуб Куманово решија да го реализираат планираното аналогно фото-сафари дружење со ФКК Битола. Договорениот термин беше викендот 23 – 24 јуни. Марина, Стефан и Сандра ја сочинуваа првата екипа што требаше да пристигне во Битола во сабота на 23 јуни. Во просториите на ФКК Битола наидоа на добредојде од страна на Коста, Димитар и останатите членови на клубот. По кратката презентација за фото-опремата и основите на аналогната фотографија, се тргна во акција […]

08 Авг 2018

шести ден – кратово – малински фото фестивал 2018

Како последен од прогрмата шестиот ден од фестивалот се одржа во општина Кратово. Поради автентичноста на градот Кратово беше организирано фото сафари за присутните гости на фестивалот каде што имаа прилика и малко подобро да го спознаат самото место од мештаните. Во Музеј на Општина Кратово своја самостојна изложба на фотографии имаште Ивона Кочов од Битола. Авторката се претстави со околу 50 фотографии кои беа претставени под едно име “Кутија полна соништа”. Во Домот на култура “Лазар Софијанов” се отвори […]

08 Авг 2018

петти ден – куманово – малински фото фестивал 2018

Вториот ден, а петти по ред од програмата на фестивалот, во Куманово се отворија повеќе изложби на фотографии во текот на целиот ден. Во НУЦК “Трајко Прокопиев “ како прва беше отворена меѓуклупската изложба “КРУГ 2018” во која што се натпреватуваа авторите на ФК Куманово од Куманово и Фото Група “ФОР МАТ”  од Чачак, Србија. Изложбата, традивционално веќе петта година по ред како дел од фестивалот има натпреварувачки карактер каде што најдобрите фотографии се стекнуваат со награди и признанија. Првите […]

08 Авг 2018

четврти ден – куманово – малински фото фестивал 2018

Како центар на фотографските случувања во Куманово се одржаа низа настани од областа на фотографијата во текот на следните два дена. Во Театар Куманово беше одржано излагање за проектот ”За македонцката фотографија” од страна на Владимир Јовановски и Стефан Илиевски. Овој проект претставува обид да се зачува богатото фотографско творештво на Република Македонија. Членовите на ФК Куманово се длабоко убедени дека овој проект дава допринес во историјата на македонската фотографија како дел од културното наследство на Република Македонија. *за подетални […]

08 Авг 2018

трет ден – свети николе – малински фото фестивал 2018

Како трета по ред од програмата на Малински Фото Фестивал, во Дом на култура “Крсте Петков Мисирков” во Свети Николе беше отворена самостојната изложба на фотографии на авторот Владимир Миличевиќ од Србија. В.Миличевиќ е роден во Параќин, Република Србија и активно се занимава со фотографија. Во 2012 година го добива фотографското звање F1 FSS (фотограф прва класа) на Фото сојузот на Србија, а две години подоцна и меѓународното уметничко звање AFIAP. На изложбата авторот се претстави со околу 50 фотографии […]

08 Авг 2018

втор ден – штип – малински фото фестивал 2018

Во Уметничка Галерија “Безистен” Штип се отвори самостојната изложба на фотографии на Коста Дупчинов од Битола во склоп на Малински фото Фестивал. На изложбата авторт се претстави со около 20 фотографии од досегашното негово творештво. Инаку, Коста Дупчинов е реномиран фотограф од Македонија каде што има учествувано на повеќ од 50 изложби каде што има освоено околу 20 награди и признанија. Неговата фотографија, трета година по ред е дел од колекцијата која ја претставува Македонија на ФИАП – Светскиот куп […]

07 Авг 2018

прв ден – крива паланка – малински фото фестивал 2018

Во ЛУ Градски Музеј Крива Паланка се отвори Клупската изложба на Фото клуб Куманово – ТУМБА. Оваа изложба беше прва во низата од богатата програма на фестивалот. На изложбата беа изложени около 40 фотографии од членовите на Фото клуб Куманово. Изложбата имаше слободна тематика каде што авторите на клубот се претставиа со нивното актуелно творештво. Изложбата беше отворена од страна на претседателот на клубот Марина Крстиќ како и од страна на директорот на музејот Драган Величковски. Клупската изложба ТУМБА веќе […]

07 Авг 2018

свечено отворање на петти јубилеен – малински фото фестивал 2018

Оваа година “Малински Фото фестивал” се одржа по петти пат и симболично во пет општини во Македонија. На наше големо задоволство фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, како и од локалните самоуправи на Куманово, Крива Паланка, Кратово, Штип и Свети Николе. Фестивалот започна на 21 мај во Крива Паланка а заврши на 27 мај во Кратово. Во програмата беа  застапени повеќе клупски изложби, самостојни изложби, фотопрезентации, една меѓуклупска изложба и фотосафари, а истите беа одржани со […]

14 Мар 2018

свечено отворање – жените и фотографијата 2018

Изложбата на уметничката фотографија “Жените и фотографијата” беше отворена во изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев” во Куманово, координирана и организирана од Фото Клуб Куманово. Минатогодишната клупска изложба прерасна во национална изложба. Во клубот се наоѓаат познати автори од Македонија и пошироко, кои за релативно краток временски период можеа да донесат бројни награди и успеси. Изложбата брои околу 50 фотографии од 40 женски автори од Македонија.

22 Фев 2018

свечено отворање – малински фото фестивал 2017

Малински фото фестивал 2017 се одржа во два града Куманово и Кратово, со програма во три дена 9, 10 и 11 јуни 2017 година. На реперотоарот се најдоа изложби и проекции на уметнички фотографии кои се отвораа во текот на тритте дена на разни локации во градовите Куманово и Кратово.Фестивалот со свои излагања на фотографии и дигитални проекции имаше во просториите на Фото клуб Куманово, Галерија на град Куманово, НУКЦ „Трајко Прокопиев“, Народниот Театар во Куманово и Домот на култура […]