Неуморната излагачка активност на членовите на фото клуб Куманово, изминативе две недели резултираше со берба на награди на меѓународни изложби широм светот. Серијата на успеси ја започна Владимир Јовановски кој на изложбата „CIPAE“ во Египет осви ФИАП диплома за црно-бела фотографија. Награди продолжија да се нижат на меѓународните изложби во Македонија, па така на „Илузија“, која се организира во Кичево, ПСА рибон освои Софија Петковска. На изложбата „Прилеп Салон“ со ПСА рибони се закитија Александар Драгишевски и Жаклина Стефановска, а […]
Креативниот дострел на членовите на фото клуб Куманово повторно беше потврден со награди на неколку меѓународни изложби на уметничка фотографија. Изминатите две недели фото клубот ги искористи да се претстави со свои трудови на изложбите во Србија кои ги носеа имињата Београд Фото и Сенки (Shadows). Овие традиционални изложби годинава имаа голем прилив на автори од повеќе од 60 земји, па од таа причина освоените награди ги сметаме драги за нас, но истите се особено важни како за нашиот град, […]
Уште од самото формирање на фото клуб Куманово, целта и идејата на истиот беше ширење и развивање на фотографската култура. Па со таа цел клубот секоја година организира бесплата фото школа, каде што пријавените курсисти ќе имаат можност да се стекнат со повеќе знаење од областа на уметничката фотографија, историјата на развивање на фотографската уметсност, првите фото апарати, најистакнати фотографи и нивно творештво и достигнување во фотографијата како уметност, техники на фотографирање и сл. Курсот по фотографија ќе започне од […]
Фото клуб Куманово продолжува со своите творечки, излагачки и едукативни активности во областа на фотографијата. Членовите на Фото клуб Куманово ги излагаа своите фотографии на изложби во Србија, Босна и Херцеговина ,Хрватска, Луксембург и Украина. Како најуспешен автор изминатиот месец се покажа Марина Крстиќ која успеа да освои дури две награди на меѓународни изложби на фотографија во Србија, на која излагаа повеќе од 300 фотографи од 60 земји. “ Бев пријатно изненадена кога пристигнаа резултатите од изложбата Градац фото. Иако […]
6 Јуни 2015 година, Куманово живееше во духот на фотографијата. Втора година по ред, Фото клуб Куманово успешно го реализираше проектот насловен како “ Фото фестивал Малински”. Членовите на клубот, со своите идеии и креативност подеднакво учествуваа во реализација на проектот и со отворени врати ги пречекаа посетителите. Изложени над 300 фотографии од околу 200 локални и светски автори, беа резултат од активната работа и селекција на членовите на клубот, се со цел да се прикаже квалитетна фотографија која ќе […]
Фото клуб Куманово, продолжува со своите успеси и признанија и овој период. Многу од членовите се претставија и учествуваа на бројни меѓународни и домашни изложби, на кои се закитија со многу дипломи и признанија. Имено, изминатата недела еден од најплодотворните членови Жаклина Стефановска учествуваше со 12 фотограии на фото салонот „Good Light“ кој секоја година се одржува во Крагујевац, Србија. Во конкуренција од над 7000 фотографии, од околу 450 автори, нејзината фотографијата со наслов „The riper and the rice“, влезе […]
Фото клуб “Куманово” и во 2015 година има за цел да ја продолжи традицијата на организирање на изложби на уметничка фотографија. Членовите на фото клуб “Куманово“ од почетокот на годинатa, освоија бројни награди на државно и меѓународно ниво. Клубот и оваа година не се поштеди со освојување на награди и признанија за своите творења. Владимир Јовановски доби по две дипломи во Бугарија и Србија и една во Египет, а Марина Крстиќ се закити со бронзен медал на интернационална изложба во Србија. […]
Изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата“ беше отворена во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, во организација и координација на фото клубот „Куманово“. Минатогодишната клупска изложба на уметничка фотографија, оваа година прерасна во меѓуклупска изложба. Клубот брои познати автори како од Македонија, така и пошироко, кои за релативно кратко време успеаа да го закитат Куманово со бројни награди и успеси. Постановката брои околу 40 фотографии на дваесетина авторки на ФК Куманово, ФК Битола, ФКК Прилеп, ФК Кавадарци, […]
Во Локалната установа Градски музеј од Крива Паланка годинава беше отворена изложбата на фотографии на чешкиот фотограф Гарик Аванесиан. На изложбата беа претставени 70 дела од овој истакнат чешки фотограф. Изложбата е резултат на добрата соработка која ЛУ Градски музеј во Крива Паланка ја има со фото клубот Куманово, при што во изминатите неколку години се органзирани изложби на значајни светски фотографи токму во овој град .Делата се изработени во изминатите десетина години, и опфаќаат различни теми и опуси, како што се лица, протрети, социјални теми, […]
Фото клуб Куманово изминатата 2014-та ја бележи како доста успешна година, не само на полето на уметничката фотографија, туку воопшто и за сите резултатите кои беа плод на активности на членовите на клубот. Трудот и креативноста на членовите на клубот резултираше со организирање на повеќе изложби и активности кои придонесоа за зголемување за реномето на клубот. “Жените и фотографијата 2014” – Во март изминатата година, фото клуб Куманово пред самото свое официјално формирање организираше клупската изложба на уметничка фотографија под името „Жените […]