logo
logo

Category : новости

16 Фев 2015

самостојна изложба – гарик аванесиан

Во  Локалната установа Градски музеј од Крива Паланка годинава беше отворена изложбата на фотографии на чешкиот фотограф Гарик Аванесиан. На изложбата беа претставени 70 дела од овој истакнат чешки фотограф. Изложбата е резултат на добрата соработка која ЛУ Градски музеј во Крива Паланка  ја има со фото клубот  Куманово, при што во изминатите неколку години се органзирани изложби на значајни светски фотографи токму во овој град .Делата се изработени во изминатите десетина години, и опфаќаат различни теми и опуси, како што се лица, протрети, социјални теми, […]

27 Јан 2015

успешна 2014 година

Фото клуб Куманово изминатата 2014-та ја бележи како доста успешна година, не само на полето на уметничката фотографија, туку воопшто и за сите резултатите кои беа плод на активности на членовите на клубот. Трудот и креативноста на членовите на клубот резултираше со организирање на повеќе изложби и активности кои придонесоа за зголемување за реномето на клубот. “Жените и фотографијата 2014” – Во март изминатата година, фото клуб Куманово пред самото свое официјално формирање организираше клупската изложба на уметничка фотографија под името „Жените […]

10 Дек 2014

свечено отворање – малински фото фестивал 2014

Фестивалот на уметничка фотографија насловен „Малински фото фестивал“, беше отворен во Ноември во Куманово. Ова е прв настан од ваков вид во Куманово, но впрочем и во Македонија. Посетителите и љубителите на арт фотографија имаа можност да проследат пет изложби и 12 проекции во изложбените галерии низ градот, како што се Центарот за култура Трајко Прокопиев, Уметничката галерија и Театар на град Куманово, но и во неформални простори каде што можат да се видат уметнички фотографии на автори од Македонија, соседството, но […]

21 Апр 2014

клупска изложба – жените и фотографијата 2014

На 7ми март во изложбениот простор при Центарот за култура Трајко Прокопиев свечено се отвори првата клупска изложба „ЖЕНИТЕ И ФОТОГРАФИЈАТА“ што ја организира новоформираниот фото клуб Куманово. Иако млад, клубот во своите редови брои добро познати автори како во Македонија, така и пошироко, кои за релативно кратко време успеаја да го закитат Куманово со бројни награди и успеси. Поставката која ќе може да ја проследиме брои околу 40 фотографии на тринаесет авторки на клубот, кои неуморно рамо до рамо, […]

25 Јан 2014

самостојна изложба – владимир јовановски

Над четириесеттина уметнички фотографии беа претставени на изложбата на Владимир Јовановски, што од 24 јануари до 6 февруари 2014 година се одржа во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев” во Куманово. Ова беше прва самостојна поставка на авторот кој своите дела досега ги изложувал на повеќе од 200 меѓународни конкурси во над 20 земји во светот. Делата кои што се на оваа поставка се настанати во изминатите пет години, а самата изложба и фотографиите се обработувани во […]