logo
logo

Category : новости

17 Сеп 2019

фото школа

Фото клубот Куманово по шести пат организира бесплатна школа за уметничка фотографија во која учество може да земат сите заинтересирани граѓани. Фото школата ќе биде поделена на два дела: А) Историјата, техничките и уметничките сегменти на фотографијата.Б) Дигитална обработка на фотографијата. За време на фото школата ќе бидат ораганизирани повеќе фото-сафари во Куманово и околината. Исто така, раководителите на фото школата ќе се потрудат да овозможат предавања на познати домашни и светски фотографи со цел доближување до актуелните трендови во […]

12 Сеп 2019

изложба во турција

На 31 август 2019 година во FIAP изложбениот простор на Силе Санат Сарај во Коња, Република Турција беше отворена клупската изложба на Фото клуб Куманово. На истата присуствуваа поголем број на граѓани и љубители на фотографската уметност. Изложбата е колективно дело на скоро сите членови од Фото клубот Куманово. Секоја фотографија, и секој автор преку своите уметнички дела зборува сам за себе, доловувајќи ја сопствената индивидуалност, интерес и различност преку јазикот на фотографиите. Секоја фотографија носи сопствена приказна. Со некои, […]

15 Авг 2019

изложба на јан вало во свети николе

Фотографиите на Јан Вало се проткаени со егзистенцијалистичка нишка која со гест статиран во фотографија нѐ асоцира на изгубеното и нѐ мотивра на потрага по како што би кажал Милтон „изгубениот рај“.Објектите во фотографиите се секогаш различни. Во дел од фотографиите објекти се ликови, способни за интеракција и пренесување порака додека во други фотографии објектите се – природна појава. Тоа значи дека хомонимноста на објектите не е универзална црта по која се препознава фотографското авторство на Јан Вало.Преку фотографијата, Вало, […]

05 Јул 2019

трет ден – крива паланка – малински фото фестивал 2019

Последниот ден, во недела на 26 мај, Фестивалот продолжи со утринско фото сафари во Крива Паланка, во околината на манастирот Св. Јоаким Осоговски. По завршувањето на сафарито, во 12:00 часот, фестивалот продолжи во Музејот на град Крива Паланка со отварањето на изложбата на фотографии од македонските автори кои ќе бидат застапени во книгата „За македонцката фотографија“. Финалето на „Малински“ се случи со самостојната изложба на авторот Божидар Барлакоски од Прилеп во Домот на култура во Крива Паланка (12:30 часот).

05 Јул 2019

втор ден – куманово – малински фото фестивал 2019

Официјалното отворање на Фестивалот се случи на 25-ти мај (сабота) во 12:00 часот, во НУЦК „Трајко Прокопиев“ со веќе добро познатата меѓуклупска изложба насловена како „Круг“. Оваа година членовите од нашиот клуб ФК Куманово имаа можност да си ги „одмерат силите“ со Фото-кино клуб Параќин од Србија, кој важи за еден од позначајните и наградувани клубови во регионот. Фотографиите кои беа испраќани од членовите, беа жирирани од минатогодишниот клуб со кој се натпреваруваше Нашиот клуб, фото клуб „Формат“ од Чачак. […]

05 Јул 2019

прв ден – куманово – малински фото фестивал 2019

Шестото издание на Малински фото фестивал започна во петок 24 мај 2019 година во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово. За првиот ден беа предвиени фотографски проекции на повеќе домашни и меѓународни автори меѓу кои се најдоа: Виктор Налевски Мурат Озчелик Бајрам Ајхан Селма Демиркол Малгорзата Колз Сандра Трајковска

06 Мај 2019

соработка со порака наша

Минатата недела членовите од Фото клуб Куманово отпочнаа со реализација на работилница наменета за лицата со попреченост во просториите на ЗРЦЛИП „Порака Наша“. Со работилницата е предвидена социјална вклученост преку едукација, усовршување и промоција на уметничката фотографија. Имено лицата со попреченост ќе имаат можност да се запознаат и дружат со членовите од ФК Куманово, кои преку теориски асоцијации и практични игри ќе им овозможат осознавање за основите на фотографијата. Изработените фотографии направени од лицата со попреченост од „Порака Наша“ и […]

15 Апр 2019

графити фест 2019

Фото клуб Куманово со своите членови се вклучи во проектот Графити фест 2019 година, кој е под покровителство од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Членовите ќе се дружат со учесниците на овој фестивал, ќе го запишат со фото апарат нивното творење и начинот на експресија. Ќе пробаат да ги „уловат“ преку портретни фотографии карактерите на тие млади таленти. Во прилог мал дел од атмосферата.

19 Мар 2019

отворена изложбата „жените и фотографијата 2019“

Ако жена го постави прашањето: како е да се биде жена, тогаш да се биде жена фотограф е откривање на одговорите на тоа вечно прашање. Никогаш не било лесно да се дефиниратоа прашање, а уште помалку било лесно, – реално да се биде жена. Можеби да се одговори на тоа е потешко одошто да се живее реално како жена. Да се биде жена е голем предизвик и борба, а да се биде жена фотограф значи да се удвостручи тегобноста на […]

26 Дек 2018

признанија за членовите на фото клуб „куманово“

На Годишното собрание на Фото клуб „Куманово“ од Куманово, одржано на 23. декември 2018 година, во името на клубот, претседателот Марина Крстиќ, додели неколку награди за членовите на здружението. Жаклина Стефановска доби признание за најактивен фотограф поради нејзините активности во промоцијата на уметничката фотографија во Куманово и во организацијата на повеќе фотографски манифестации, меѓу кои и на Малински фото фестивал, најголемиот фотографски фестивал на Балканот. „И покрај многуте обврски на приватен и прифесионален план, со задоволство наоѓам време за Фото […]