На 08 март 2022 година (вторник) во 11 часот во просторите на Народен Музеј – Свети Николе под покровителство на Национална фото унија, Фото клуб Куманово и Министерство за култура на Република Македонија се одража Ретроспективна изложба на Душко Јовановски. Душко Јованoвски е роден 1949 година, КМ ФСЈ, фотограф ентузијаст. Во светот на фотографијата влегува 1967 година со фотографијата „Очекување“. Следната деценија опојната магија на фотографијата за него ќе биде предизвик и инспирација, а уметничката фотографија творечко хоби. Во потрагата […]
На 22.10.2021 (петок) во просториите на Занаетчиски дом Куманово, во рамките на настанот Wire Artworks 2021, беа изложени фотографиите на членот на Фото клуб Куманово, Марија Јовановска. Марија Јовановска е родена 1986 година во Куманово, Македонија. Љубовта кон фотографијата ја наследува од својот татко, па уште во раната младост влегува во тајните на аналогната фотографија, посетува семинари за фотографија, учествува на школски изложби, олимпијади, клупски, државни и меѓународни изложби на фотографија – наменети за млади. Страста кон фотографијата ја опишува […]
Вања за себе ќе рече: „Живеам во Смедерево и повеќе од 30 години се занимавам со уметничка фотографија. Имам изложено на неколку стотини колективни изложби низ поранешна Југославија. Во последните години, јас не учествував на колективни изложби и изложувам единствено на соло изложби. Досега имам одржано 17 самостојни изложби. Бидејќи културата поради COVID-19, како и сè друго, замре, мислам дека сè уште може да се одржи во оваа ера, на некој друг начин. Имам две изложби на фотографии во моментот […]
Во сабота, 05.10.2019 година, во FIAP изложбениот центар на Фото клубот „Нови Сад“ ќе биде отворена изложба на две серии на фотографии: „Monochrome“ на членот на Фото клуб „Куманово“, Владимир Јовановски (EPSA, GPU HERMES, RISF5, Македонија) , и „55“ на авторот Данило Цветановиќ (AFIAP, MF FSS, ULUPUDS, Србија) Владимир Јовановски, EPSA, GPU HERMES, RISF5, роден 1983 година, е истакнат македонски фотограф и најуспешен претставник на македонската фотографија на бројни меѓународни изложби низ светот. Излагал во 35 држави и освоил над […]
Фотографиите на Јан Вало се проткаени со егзистенцијалистичка нишка која со гест статиран во фотографија нѐ асоцира на изгубеното и нѐ мотивра на потрага по како што би кажал Милтон „изгубениот рај“.Објектите во фотографиите се секогаш различни. Во дел од фотографиите објекти се ликови, способни за интеракција и пренесување порака додека во други фотографии објектите се – природна појава. Тоа значи дека хомонимноста на објектите не е универзална црта по која се препознава фотографското авторство на Јан Вало.Преку фотографијата, Вало, […]
Божидар Барлакоски е роден 1984 година во Прилеп. Неговата пасија за фотографијата трае веќе седум години. Тој е член на Фото-кино клубот „Прилеп“. Резултат на досегашната љубов кон фотографијата се повеќе од дваесет и пет меѓународни награди за фотографија, меѓу кои, бронзен медал за фотожурнализам од Toronto Camera Club; PSA сребрен медал за фотографија во Кипар; сребрен медал за фотографија во Украина; златен медал за колекција на фотографии на „Денови на македонската фотографија“, 2014 година; како и бројни признанија и […]
Жаклина Стефановска е родена во Куманово 1974 година, каде го завршува основното и средно образование. Дипломира на групата социјална работа и социјална политика на Филозофскиот факултет во Скопје, каде и магистрира во 2012 година. Работи во фамилијарното фото студио во Куманово – „Венцо дигитал“, па од таму поттикот и мотивацијата да заврши курс по уметничка фотографија во 2014 година, под менторство на Владимир Јовановски. Главна инспирација ѝ се луѓето во рурална и урбана средина и портретите. Стефановска е една е […]
Јан Вало е роден во 1964 година, во Кишач, мало село во близина на Нови Сад. По завршувањето на основното училиште, Вало го продолжил своето образование во Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ во Нови Сад – електротехничка насока. Понатамошното високообразовно школување го прекинал поради материјални (финансиски) потешкотии. Неговата љубов спрема фотографијата датира уште од времето на основната школа, кога бил член на фото-секција, и каде за прв пат се сретнал со фотоапарат, филм и темна соба. Подоцна во време на […]
Марина Крстиќ родена во Куманово 1982 година. По завршувањето на Филозофскиот факултет, отсек класични студии, почнува да работи како наставник во основните локални училишта, во кои предава класична култура во европската цивилизација. Уште од рани детски години е внесена во светот на уметноста, преку посети на бројни културни манифестации и евенти. Така домашното влијание стихијно и го трасира интересот кон уметничката фотографија. Размислите за уметничка фотографија длабоко и се врежуваат кога присуствува на еден семинар во 2003 година, насловен како […]





